Слаткото пријателство на еден постар човек со златните ретривери на соседите е толку трогателно што ќе ви ги стопи срцата. Сопственичката на кучињата го снимила моментот кога нивниот 94-годишен сосед се доближил до оградата ги побарал своите кучешки пријатели после два дена врнежливо време.

Кимберли, сопственичка на куче, пред неколку дена објави преслатко видео кое го снимила низ прозорецот на семејната куќа. На видеото може да се види дека надвор, 94-годишниот сосед, г. Бил, стои во близина на оградата со нешто во раката.

Тогаш кученцата среќно дотрчуваат до човекот кого добро го познаваат и добиваат почести од него. Рутината што г. Бил, според Кимберли, секојдневно ја обавува.

Сака да доаѓа секогаш кога може да се поздрави со малите животни и да им понуди некоја вкусна закуска, а кучињата дефинитивно се среќни што го имаат за пријател.

Кучињата се способни да создаваат блиски врски на неверојатен начин, затоа, како и мачките, тие се одлични животни придружници кои ќе бидат во врска со луѓе каде љубовта и пријателството се даваат безусловно.

Кучињата се навистина најдобриот пријател на човекот и радоста што ја носат е бесценета. Но, не само за потесното семејство, кучињата можат да го подобрат секојдневниот живот. А, токму ова ни го покажуваат кучињата Чарли и Даг.

Постојат само малку работи кои за толку кратко време можат да го подобрат расположението на луѓето, како што е поминатото време со миленици.

Речиси секогаш се среќни кога ќе ги видиме, сакаат да играат со нас, да се погрижат да излеземе надвор на чист воздух, нè смеат и со задоволство легнуваат до нас на креветот да се гушкаме.

Да, тие се само како една голема таблета за среќа. Ве молиме СПОДЕЛЕТЕ го ова со вашите пријатели и семејството. Разубавете нечиј ден. Целата приказна можете да ја прочитате ОВДЕ и да го погледнете видеото.