Home Народна медицина Со овој рецепт ќе имате блескави заби без забен камен!

Со овој рецепт ќе имате блескави заби без забен камен!

За да се ослободите од оваа грда појава поради која наталожените бактерии предизвикуваат воспаление на гингивата, односно „џепови“ (гингивитис и парадонтитис), помогнете си со домашни препарати.

Ако сте еден од оние кои се „тресат“ и на самата помисла на стоматолог, тогаш природните решенија за отстранување на забниот камен, се идеални за вас.

Забниот камен е тврда наслага на забите, која се создава со текот на времето. Талогот под влијание на минералите од плувачката се зафаќа на забите и се создава забен камен. Оваа појава се забрзува особено ако се консумира мека, леплива и кашеста храна, богата со јаглехидрати (благо, бел леб, печива, зашеќерено овошје).

За да се ослободите од оваа грда појава обидете се со овие 2 рецепти:

 

1.РЕЦЕПТ

 Потребни состојки:

30 г оревови лушпи и малку вода

Постапка:

Според советот од healthyfoodstar.com, потребно е да ги ставите оревовите лушпи во лонец, да ги прелиете со вода и да ги варите 15 минути. Натопете ја четката во добиената течност и темелно исчеткајти ги забите во времетраење од 5 минути. Повторувајте ја оваа постапка, наутро и навечер.

 

2.РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

4 лажици сончогледови семки

4 лажици цвет од липа

1 литар вода

Постапка:

 Сите состојки ставете ги во сад и варете ги на тивко околу половина час. Со оваа течност мијте ги забите после секое јадење.