Home Останато Корисно Со оваа мaгична течност цвеќето ќе биде бујно исто како на фотографијата!

Со оваа мaгична течност цвеќето ќе биде бујно исто како на фотографијата!

Било кое саксиско цвеќе повремено треба да се прихранува, особено во вегетативниот период и во периодот на цветање.

Да се предизвика зголемен раст и цветање кај наjбезнадежните билки, ќе ви помогне обичниот квасец.

Фитохормоните, витамините од група Б и растителните хормони – ауксини кои се наоѓаат во квасецот, активно ја cтимулираат делбата на клетките и раст на билките. Прихрана од овој вид користат професионални одгледувачи на билки.

Благодарение на ваквата прихрана, нагло се зголемува активноста на микроорганизмите во земјата, се зголемува јаглендиоксидот, микро и макроелементите, што има особено благотворно дејство врз кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка.

Значи, ако сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, можете да приготвите раствор за нивно прихранување.

Потребни состојки:

10 г свеж квасец
1 мало лажиче шеќер
1 литар топла вода

Постапка:

1.Растворете го квасецот во млака вода, додајте шеќер и промешајте.

2.Оставете да отстои минимум два часа.

3.Со овој раствор полевајте го цвеќето двапати месечно во есенско-зимскиот период и еднаш во десет дена во пролетно-летниот.

Ќе забележите како листовите стануваат позелени, а цветањето станува побујно и побогато.