Со оваа диета од Тибет за 7 дена се слабее, се подмладува и се продолжува животот

Тибетанската диета се заснова врз традиционалната исхрана на тибетанците.

Оваа диета ќе ви помогне не само да ги изгубите вишокот килограми, туку и да се чувствувате подобро во целост.

Нутриционистите сметаат дека тибетанската диета може да го подмлади организмот и да ви го продолжи животот.

Во својата основа ова е млечно-вегетаријанска, со малку риба. Треба да се јаде полека, во мали залаци – што е сосема во традицијата на источните народи.

Се препорачува консумирање на многу зеленчук и овошје.

ПОНЕДЕЛНИК

Појадок: чаша млеко, мало парче двопек.

Ручек: 150 г варен грав. 200 г салата од домати, пиперка, кромид и магдонос. 1 големо зелено јаболко или портокал.

Вечера: 250 г рендана зелка зачинета со лимонов сок. 150 г било кое овошје, 1 чаша минерална вода.

ВТОРНИК

Појадок: 1 чаша минерална вода, 1 големо јаболко

Ручек: 200 г варена риба, 200 г овошна салата од јаболко, круша, сливи или друго овошје. 1 портокал

Вечера: 250 г тиквички пржени на растително масло, 3 домати, 1 парче леб, 1 чаша сок од домати.

СРЕДА

Појадок: 1 чаша млеко, 2 парчиња двопек

Ручек: 200 г варен грав или грашок, 200 г салата од домати, кромид, свежа краставица и 1 чешне лук, зачинето со растително масло.

Вечера: 200 г варено цвекло, 2 јаболки, 1 портокал, е парче леб, 1 домат и 1 чаша сок од домати.

ЧЕТВРТОК

Појадок: 1 чаша негазирана минерална вода, 1 мала земичка

Ручек: 250 г варена риба, 200 г салата од зеленчук, 1 чаша природен сок од јаболка

Вечера: 200 г варена боранија, 200 г сиров, рендан морков, зачинето со растително масло и лукче, 1 чаша чај и парче двопек.

ПЕТОК

Појадок: 1 чаша млеко, мала земичка

Ручек: 200 г салата од рендана црвена зелка, зачинето со лимонов сок. 1 чаша јогурт, 2 јаболка.

Вечера: 200 г варена риба, 200 г црн домат пржен на растително масло со малку морков. Мало парче црн леб. 1 чаша негазирана минерална вода.

САБОТА

Појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 портокал

Ручек: 200 г рендан морков, зачинето со растително масло, 200 г салата од домати и кромид. 1 чаша негазирана минерална вода.

Вечера: 150 г сирење, 2 парчиња двопек, 100 г јагоди. 1 чаша млеко или 2 чаши јогурт.

НЕДЕЛА

Појадок: 1 чаша млеко, 2 мали парчиња двопек

Ручек: 250 г варена риба, 250 г салата од зелка зачинета со лимонов сок, 1 чаша негазирана минерална вода.

Вечера: 200 г варен грав, 100 г младо сирење, 250 г било кое овошје, 1 чаша негазирана минерална вода или свежо исцеден сок од јаболка.

Диетата се држи седум дена, а во текот на следната седмица може да вклучите во исхраната по малку варено месо. Еден месец подоцна, диетата може да се повтори.

Loading...