Фото и рецепт на Јасмина Дурич-Хуриќ. Декоративна е, излегува голема, па одлична е за родендени и разни други свечени пригоди, а состојките се лесно достапни или можеби веќе ги имате в кујна. Она што е најважно, има неодолив сникерс вкус, па сите ја обожаваат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кора: 5 јајца, 1 прстофат сол, 120 г шеќер, 120 г брашно, 30 г какао во прав, 1 кесичка прашок за печиво, 30 мл млеко, 30 мл масло. Се пече во голем плех на 180 степени 30 минути и се дели на 3 дела, или пак во тркалезен калап 22 см.
ПОСТАПКА: Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол и шеќер додека да згусне, па додајте ги помешани и просеани сувите состојки, на трипати. Мешајте рачно додека брашното да се соедини и да нема грутчиња. На крај додајте ги млекото и маслото.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап (или обложен со хартија) и печете во претходно загреана рерна на 180 степени приближно половина час. проверете со чепкалка. Кога ќе се олади поделете ја кората на три еднакви дела (три кори).
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за карамел: 300 г шеќер, 240 мл течна/слатка павлака, 70 г путер/маргарин, 100 г сечкани кикирики. ПОСТАПКА: Шеќерот загрејте го на умерено ниска температура, па кога ќе се растопи мешајте додека да се карамелизира.
Додајте ја течната павлака и мешајте додека карамелот да се растопи, а потоа додајте го путерот. Мешајте и гответе уште неколку минути додека сето да се изедначи во убав карамел. Кога ќе се олади додајте ги сечканите кикирики и промешајте.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за крем: 500 мл течна/слатка павлака, 60 г шеќер во прав, 500 г маскарпоне или друго свежо крем сирење (филаделфија, абц…). ПОСТАПКА: Слатката павлака изматете ја со шеќерот и маскарпонето во нежен, густ крем.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за глазура: 200 г чоколадо, 100 г путер/маргарин, 100 г сечкани кикирики. ПОСТАПКА: Растопете го чоколадото со путерот, па додајте ги кикирките. РЕДЕТЕ: кора, крем, карамел…и на крај завршете со глазура и декорација по желба. Фото и рецепт на Јасмина Дурич-Хуриќ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „СНИКЕРС ТОРТА: Се топи во уста – Многу едноставна и вкусна“ – ОВДЕ.