Билката Алое Вера има безброј корисни својства, но кога ќе се замрзне станува уште покорисна.

Многу векови наназад, исцелителите и припадниците на ајурведата, како и во многу други народни лекови, го користеле гелот Алое Вера, додавајќи го во многу тоници и лосиони.

Најчесто луѓето го користеле како моќен лек за лекување на многу кожни болести, но исто така и за третирање на други болести.

Еве го списокот со најважните придобивки на гелот Алое Вера:

Го зајакнува имунолошкиот систем.

-Гелот има способност да го зацврсти и зајакне имуниот систем доколку се консумира редовно, па затоа е најдобро да се користи особено во текот на зимските месеци.

Детоксикација на телото

-Исто така, ако го консумирате овој гел редовно, ќе го детоксифицира вашиот организам, ќе ја помогне дигестијата и ќе го забрза метаболизмот.

Се бори против дигестивните проблеми

-Редовното консумирање на гелот Алое Вера може да третира бројни дигестивни проблеми и може да ве ослободи од гасови, надуеност, лошо варење, прекумерна стомачна киселост и запек.

Богато со есенцијални хранливи материи

-Гелот Алое Вера може да го подобри и зајакне целокупното здравје на многу начини, поради неговото богатство со многу витамини и минерали.

Совршен за нашата кожа

-Билката е способна да ги ублажи изгорениците, посекотините и да ги залечи раните многу побрзо, истовремено омекнувајќи ја и хидрирајќи ја кожата.

Третира анемија

-Ајурведските исцелители го користеле овој гел во процесот на подготовка на Кумари – природен лек кој се користи за лекување на анемија и многу други дигестивни и хепатални нарушувања.

Алое Вера, исто така, има способност да ги третира проблемите со жолчното кесе и црниот дроб, како и жолтицата.

Регулира хормони

-Алое Вера може да ги третира проблемите со слезината и панкреасот и да спречи хормонални нерамнотежи.

Замрзнат Алое Вера гел

-Ако сакате да ги искористите максималните придобивки од гелот Алое Вера, треба да го замрзнете. На тој начин може да остане многу подолго, а исто така, ќе ја задржи својата свежина.

Едноставно извлечете го гелот од неколку листови на Алое Вера и складирајте го гелот во стаклена тегла. Потоа затворете го и складирајте го во вашиот фрижидер.

Или едноставно гелот Алое Вера може да се складира во модли за коцки мраз (или кесички за таа намена), така што ќе биде уште полесно за користење.

Потоа, кога сакате да го користите гелот Алое Вера, земате една коцка и поставете ја на погодената област. Коцките од гел Алое Вера исто така се многу добри кога се додаваат локално на плускавци на нозе, варикозни или воспалени вени, изгореници, помали рани и акни.

Исто така можете да го намалите појавувањето на темните кругови или кеси кои се појавуваат под очите, со директно нанесување на гелот.

Едноставно земете коцка со гел и оставете да се топи на таа површина. Или ако сакате да го консумирате орално, само ставете една коцка во устата и полека растопувајте ја.