СМОКВАРКИ: Сочни, посни, вкусни ситни колачи со смокви и бадеми

Фото и рецепт: Јасна Мутиловиќ

Потребни состојки:

2 шолји (од 200 мл) вода
1 шолја масло
½ џем од смокви или јаболка
2 шолји брашно
½ шолја пченкарно брашно
1 прашок за печиво
100 г крупно мелени бадеми (не мора)

за сируп:

Loading...

1 шолја вода
1 шолја џем
½ шолја шеќер

Постапка:

Во едно тенџере ставете 2 шолји вода, 1 шолја масло и ½ шолја џем од смокви или од јаболка.

Кога ќе зоврие и изедначи, додадете претходно измешани 2 шолји брашно и ½ шолја пченкарно брашно.

Убаво измешајте и изедначете за да се соедини без грутчиња. Оставете убаво да се излади, а потоа во тестото додадете 1 прашок за печиво и по вкус може да додадете околу 100 г крупно мелени бадеми.

Убаво измесете го тестото за да се изедначи прашокот за печиво, а потоа од него кинете топчиња со величина на киви.

Топчињата малку сплеснете ги со дланките, а со прстот направете дупче во средината во кое ќе ставите еден бадем.

Се редат во малку намастен плех и се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна на 190 степени.

Додека се печат колачите, во друго тенџере ставете 1 шолја вода, 1 шолја џем и ½ шолја шеќер. Оставете да зоврие, па тргнете на страна неколку минути.

Печените колачи додека се топли прелијте ги со топлиот сируп и оставете ги да изладат и да го впијат.

Фото и рецепт: Јасна Мутиловиќ

Loading...