Home Останато Корисно Смеса од три состојки која го враќа животот на вашите цвеќиња

Смеса од три состојки која го враќа животот на вашите цвеќиња

Дали ви се случило некогаш некоја од вашите билки, без посебна причина, да почне да венее?

Не очајувајте и не ја фрлајте веднаш.

Ова е проверен рецепт за смеса од три состојки кои ја враќаат во живот.

Потребни состојки:

1 кора од банана

3 лажички мелено кафе

4 лажички мелени лушпи од јајце

*количините можете да ги намалувате и да ги менувате според потребите, кафе додадете повеќе ако земјата има паразити, кора од банана ако е испостена, а лушпи од јајце ако му е потребно калциум на растението.

Постапка:

Додадете малку вода и изматете ги сите состојки во блендер.

Добиената смеса ставете ја во саксијата со цвеќе, малку расчепкајте ја земјата и полијте со вода.

По некое време вашиот зелен пријател повторно ќе живне.