Традиционалното балканско јадење е познато во сите делови на светот, а од него има бројни вкусни варијанти, а денес ви ја претставуваме мусаката која често се прави на Островот, каде е позната и како „овчарска пита“. Ќе ви претставиме неколку рецепти, а вие одберете кој ви одговара најмногу.

Потребни состојки за фил: една голема главица кромид, 2 чешниња лук, 600 г мелено месо, 2 до 3 моркови, 1 до 2 раце грашок, сол, сув зеленчуков зачин (вегета), црн пипер во прав по желба, масло, црвен пипер во прав, една лажичка шеќер

За пире: 1 кг компири, 2 до 3 лажички путер, околу 100 мл млеко (повеќе отколку што се користи при правење на пире од компири)

Постапка: кромидот и лукот издинстајте ги на малку масло, потоа додајте ги меленото месото и зачините, а потоа ренданиот морков и грашокот. Кога месото ќе ја смени бојата и ќе потемни, значи дека е готово.

Подгответе го пирето од компири одделно, но со поголема количина млеко отколку што обично се става (треба да биде малку поретко, затоа што влагата ќе испари при печењето, а потребно е да навлезе и во меленото месо.

Во намастен огноотпорен сад најпрво распоредете го меленото месо, а врз него рамномерно распоредете го и пирето. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути (сè е претходно зготвено, само потребно е да се потпече и да испарат вишокот течнисти). Прочитајте го и вториот рецепт:

Потребни состојки: 500 г мелено говедско или јагнешко месо (или по избор), 1 главица кромид, 1 морков, сол, црн пипер, 1 лажица концентрат од домати (доматно пире) , 1 лажица брашно, 1 лажица сос од Вустершир, 250 мл говедска супа или вода + говедска коцка, 1/2 чаша (од 250 мл) свеж или замрзнат грашок, 1/2 чаша (од 250 мл) пченка во зрно „шеќерец“, магдонос, прстофат зачински билки, малку масло

За пире од компир: 4 големи компири, една лажица путер, 50 мл неутрална павлака/крем за готвење или млеко, сол, црн пипер. За наросување одозгора: околу 100 г рендан кашкавал и 2 лажици пармезан

Постапка: истовремено ставете да се готват компирите и пригответе го сосот од мелено месо. На малку масло пропржете ситно исечкан кромид. Кога че застакли, додајте ситно сечкан или рендан морков, пржете уште малку, а потоа додајте го меленото месо.

Динстајте ја содржината мешајќи постојано, за да не се формираат грутки додека. Пржете додека месото да ја промени бојата, односно да потемни. Во тавата потргнете го месото, па на дното ставете една лажица концентрат од домати и пржете кратко.

Со пржењето, доматниот сос ќе ја изгуби киселоста. Потоа додајте брашно, промешајте, па сос од Вустершир, сол, црн пипер, излејте ја топлата супа или вода во која сте раствориле една коцка говедско месо.

Потоа додајте грашок, магдонос, мајчина душица и рузмарин или зачини по ваш вкус и варете половина час на тивок оган често промешувајќи, или додека месото да стане речиси суво, односно да испари вишокот течност. Додајте ја и процедената пченка.

Распоредете го сосот од месо на дното на подмачканиот огноотпорен сад и израмнете. Ставете пире од компири над сосот, па и него израмнете го. Одозгора наросете кашкавал (ставам рендана гауда и пармезан). Наместо кашкавал, пирето може да се прелие само со малку стопен путер.

Наросете и мелен црвен пипер, па ставете да се пече во рерна загреана на 200°C околу 30 минути. Послужете топло со зелена салата.

За пире од компири: излупете ги компирите и исечете ги на четвртини. Ставете ги да се варат во ладна, солена вода. Варените компири процедете ги, додајте путер, црн пипер и неутрален крем за готвење, па добро измешајте. Додајте сол ако е потребно. / Сооlinarika.com