СЛАДОЛЕД ТОРТА ЗА 10 МИНУТИ…Со вашето омилено овошје…Ќе кажам само еден збор…НЕОДОЛИВА…Еве што ви е потребно според рецептот на Сандра:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кесички шлаг пени
1 инстант желатин или 3 шлаг фикса
200 г кисела павлака
500 г малини/јагоди/боровинки/овошје по желба
2 кесички ванилин шеќер
газирана вода за шлаг пените
по желба шеќер во прав, мед или засладувач по желба
20 петит бисквити

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги шлаг пените според упатството на кесичката, но со газирана вода. Во текот на миксањето додајте го ванилин шеќерот и желатинот.

2.Во цврстиот шлаг додајте ја киселата павлака и кратко измиксајте за да се соединат. По желба додајте шеќер во прав ако не ви е доволно слатко (во зависност од овошјето).

3.Потоа рачно промешајте го сечканото овошје. Кремот оставете го 15 минути во фрижидер да се олади.

сладолед торта од јагоди / рецепт и фото на Сандра

4.На соодветна подлога (обрач 23 см) наредете ги бисквитите кратко натопувани во млеко. Распоредете го кремот, израмнете и ставете ја тортата во фрижидер (6 часа) или замрзнувач.

5.Ако ја ставате во замрзнувач, пред послужување оставете ја приближно 1 час на собна температура за да може убаво да се сече. / Рецепт на Сандра.

Плазма сладолед торта во неодолива комбинација – брза подготовка за освежителен десерт