Рецептот го добив пред многу години од мојата кума и редовно го правам дома бидејќи на децата им е омилен појадок. Се прави толку брзо и лесно, тестото се излева, не се меси. Колку што знам, името на овој појадок е скопско лепче, а јас понекогаш го нарекувам и македонско лепче.




Одозгора може да наросите со шунка, кашкавал, сирење, и да додадете различни семки, кечап, некое друго сувомеснато…Буквално што сакате може да ставите одозгора, важно е само да ги следите состојките за тесто кои се со мерки на чаша. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 цели јајца, 1 чаша кисело млеко (може да замените и со јогурт), 3/4 чаша масло, 2 чаши брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 мала лажичка сол (или по вкус), бело сирење (дробено или сечено на коцки), рендана шунка или друго сувомеснато по желба. Чашата за мерка е од 200 мл.




ПОСТАПКА: без отстојување на тестото, рерната може да ја вклучите да се загрее уште пред да почнете да го правите појадокот бидејќи додека трепнете ќе биде готово. Обично ја вклучувам на 180 степени да се загрее, тоа ми е некоја стандардна температура. Подоцна може и да ја зголемите температурата на 200 степени ако печењето оди поспоро.




Во една вангла скршете ги двете јајца. Со миксер изматете ги додека да се разредат, па додајте го јогуртот (или кисело млеко) и продолжете со матење. Напоредно додајте го маслото, па кога ќе се соедини со смесата се става брашното, чаша по чаша.




На крајот се додаваат останатите состојки како сол и прашокот за печиво и сите состојки се соединуваат со миксер додека да се формира течна, еднолична и мазна смеса која нема да има грутчиња. Имено, сол ставете по вкус, односно во зависност од тоа колку е солено сирењето кое што го користите.




Во секој случај, тестото треба да биде малку посолено, така што ви препорачувам да ставите 1-2 мали лажички сол или одокативно. Смесата излејте ја во набрашнет и намастен калап со стандардна големина, па одозгора наредете ја ренданата или ситно сечкана шунка, како и дробеното сирење.




Потоа со шпатула малку измазнете односно ,,прилепете” го филот врз тестото за малку да навлезе во него и веднаш ставете на печење. Лепчето се пече 15-20 минути додека да порумени одозгора, па се остава малку да олади и се послужува на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт кој сигурно ќе ве воодушеви:




Ова лепче во последно време стана xит, па домаќинките од целиот свет сега го подготвуваат многу често. „Пред малку наидов на овој прекрасен и толку едноставен рецепт, па решив да го споделам со вас. Потекнува од Македонија. Идеален за брз појадок или вечера, со не толку многу намирници кои веќе ги имате дома.




Моја топла препорака за овој рецепт, кога немаме време и би сакале нешто брзо без одење до продавница, идеално за сите нас“, вели Сања од Кујната на Аурора. Состојките се исти, но во поразлични количини.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 1 лажичка сол, 2 јајца, 1 кесичка прашок за пециво (14 г), 200 мл јогурт, 100 мл масло, 150-200 г шунка. Наместо чаша, во овој рецепт детално се напишани количините на состојките кои се користат во рецептот. Имено, принципот на подготвување е на истиот начин како што е објаснето во првиот рецепт. Печете на 180, 25 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.