СИТНИ КОЛАЧИ ЗА 5 МИНУТИ: Се топат во уста – сите зборуваат за нив кога еднаш ќе ги пробаат

Сите ќе зборуваат и ќе го бараат овој рецепт кога еднаш ќе ги пробаат колачињата. Овие ситни колачи ќе ве освојат веднаш по првиот залак, бидејќи толку се сочни и вкусни, се топат во уста, мирисаат неодоливо сè до кај соседите…Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мелени бисквити (плазма или какви било кекси по ваш вкус), 100 мл млеко, 125 г несолен путер, 1 супена лажица шеќер, 6 крем бананчиња. Ова е основна мера, па доколку сакате поголема количина, соодветно зголемете ги состојките.




ПОСТАПКА: Бисквитите сомелете ги (или купете мелена плазма) и ставете ги во еден подлабок сад. Додајте 100 мл млеко на собна температура и една супена лажица шеќер.




Путерот растопете го на пареа или во микробранова печка, па и него додајте го кога ќе се подизлади (да не е врел, но да биде во течна состојба). Промешајте со лажица или шпатула додека сите состојки да се изедначат.




Треба да добиете компактна смеса со конзистенција на влажен песок, но малку полеплива и која може лесно да се обликува со раце. Смесата распоредете ја врз долго парче проѕирна фолија.




Потоа, со помош на рацете развлечете ја во тенка кора со форма на правоаголник, со дебелина од 6-8 мм. Ако ви е полесно, можете одозгора да ставите уште едно парче фолија, па да ролате со оклагија додека да ја постигнете посакуваната големина, но прилично лесно се обликува и со раце.




Долж целата кора наредете 9 крем бананчиња, во колона по две и по едно крем бананче одозгора. Потоа опфатете ја фолијата од двете страни, така што ќе ја подигнете кората и ќе ги споите краевите добивајќи еден вид облик на призма.




Добро притиснете со рацете за да се затворат бананчињата и секаде да се спои смесата. Обиткајте го ролатот-призма со помош на фолијата и оставете го на ладење во замрзнувач, 20 минути (само толку е доволно за да се стегне). Потоа сечете на мали триаголници и послужете.

Претходна статијаЖЕНСКИ ХОРОСКОП – Предвидување за неделата од 7 до 13 март: „Некои ќе бидат фатени во искушение, а на други за миг ќе им се промени животот“
Следна статијаКАКО НАЈЛЕСНО ДА ЈА ИСЕЧЕТЕ ЗЕЛКАТА ЗА САЛАТА: Овој трик ќе ви заштеди време, ќе заборавите на ножевите и рендињата