СИТНИ КОЛАЧИ СО ЏЕМ ОД СЛИВИ… Додека сварите кафе и тие се готови! одличен вкус – ПОСНО! Под овој рецепт има уште еден со видео каде е прикажана постапката. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г маргарин (или маст за мрсна верзија)
150 г шеќер во прав
2 лажици јаболков оцет
9 лажици ладна вода
550 г брашно
1 лажичка сода бикарбона

И уште:
шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
џем од сливи

ПОСТАПКА:

Во сад ставете го омекнатиот маргарин (или маста) и додајте го шеќерот во прав. Матете со миксер додека да се запени како крем, а потоа додајте оцет, ладна вода, сода бикарбона и брашно.

Замесете компкатно тесто и оставете да се излади 1 час. Кога тестото ќе одмори, поделете го на 2 дела. Секој дел обликувајте го во валјак, бидејќи кога го развлекуваме тестото во кора, тоа треба да биде квадрат, а не круг.

Двата дела од тестото развлечете ги во кори со димензии 21 x 30 cm. Двете кори поделете ги по должина на 3 дела како ленти. За да ви бидат рамни страните при валањето, користете линијар.

На секој дел надолжно распоредете џем и преклопете. Свитканото тесто исечете го на 5 дела. Добиените колачи „штрудлички“ наредете ги во плех претходно обложен со хартија за печење.

Ставете да се печат во загреана рерна на 170 степени, 20 минути. Испечените штрудлички валајте ги во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер. Можете да погледнете и презентација како се прават овие колачи во видеото ОВДЕ. За овој рецепт ви се потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г брашно/Т400 меко
1 кесичка ванилин шеќер
4 лажици шеќер во прав
1 рамна лажичка прашок за печиво
малку рендана кора од лимон
200 г маргарин
100 мл сок од портокал

За фил:
2 лажици џем
2 лажици ореви
шеќер во прав за посипување

Постапката погледнете ја подолу: