Ситни колачи ЛИМОНЧИЊА…Од малку состојки излегуваат дури 80…Ова е супер-тесто за обликување, па освен лимони, од него можете да си формирате било какви други облици.

Тестото е супер ровко, поднесува секаков фил, лесно се обликува и што е најважно – не пука при печењето.

Еден од ретките колачи кои изгледаат толку природно, како да сте ги набрале од дрво, а не од рерна. Наместо маст или путер, може да се користи наменски маргарин за колачи.

Бидејќи денес има различни видови на рерни, со и без фен, плински, електрични и слично, мора да го приспособите печењето според вашата рерна за да останат колачињата светли.

Може да ги замрзнувате пред боењето, па да ги вадите по потреба. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно,
50 г маст/путер/наменски маргарин,
100 г шеќер,
1 мала лажичка сода бикарбона,
1 ванилин шеќер,
150 мл млеко,
½ прстофат сол,
2 жолчки,
кора од лимон

За фил:

2 белки,
200 г мелен бадем/лешник,
2 ванилин шеќер,
130 г шеќер,
кора од 2 лимони,
1-2 лажици рум или мараскин/сок од лимон/лимончело/ракија

За боење:

жолта боја во прав,
300 мл млеко,
200 г ситен кристален шеќер,
1 лажица мараскин/рум/лимончело..

ПОСТАПКА:

Лимончиња – од малку состојки излегуваат 80 вкусни и ровки колачиња