Печурките ги сакаме приготвени на секаков начин, пржени со лукче и кромотче, похувани, во доматен сос, во турли-тава, во салати, маринирани, со месо или без, буквално со сè и во секаква пригода.
Но откога го пронајдов овој рецепт, многу често ги приготвувам со кремаст сос и сите го обожаваме. Многу е вкусно и неодоливо мириса, па дури и соседите честопати „го намирисуваат“ и ни доашаат на ручек. Ако сте љубител на печурки, не пропуштајте го го овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г свежи печурки (шампињони), половина главица кромид, малку растително масло за пржење + 10 г путер, 150 мл булјон или вода, 100 г неутрална течна павлака, малку оригано, сол и црн пипер по вкус, 15 г рендан пармезан, 1 чешне лук и магдонос
ПОСТАПКА: Во тиган сипете малку растително масло и малку путер, па додајте го ситно сечканиот кромид. Пржете го неколку минути додека да омекне и застакли, а за тоа време исчистените, свежи печурки исечете ги на тенки лентички.
Додајте ги во тиганот со издинстаниот кромид, промешајте и потпржете ги кратко, па додајте го булјонот. Ако во моментот немате булјон, можете да искористите обична вода во која сте додале малку растителен зачин (вегета) или сте изрониле малку говедска или растителна коцка за супа.
Потоа додајте ја и неутралната течна павлака, па мешајте додека сето да се изедначи. продолжете со динстање на умерена температура и повремено промешувајте за да не ви загори. Исто така, зачинете со сол и црн пипер, како и други зачини по ваш вкус.
Кога сосот ќе згусне и вишокот течност ќе испари, додајте ситно рендан пармезан, вкусете и ако е потребно дополнително досолете. Додајте и едно или повеќе чешниња лук по вкус, ситно сечкани или рендани (истиснати низ преса).
Мешајте и динстајте уште неколку минути додека сите зачини да се изедначат и соединат, а сосот да ја добие потребната густина и кремавост. Кога е готово јадењето одозгора наросете ситно сечкан свеж магдонос и послужете го топло како гарнир или како посебно јадење. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.