Сите сакаат рецепт за оваа брза торта од 4 состојки без печење…Толку е вкусна што можете да ја приготвувате и за свечени пригоди. Ќе ви бидат потребни 4 основни состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 мл слатка павлака
400 г кисела павлака
150 г шеќер во прав (или по вкус)
500 г мелени бисквити
300 г јагоди
За декорација:
шлаг
рендано чоколадо за декорација
калап 24 см
ПОСТАПКА:
1.Пенасто изматете ја слатката павлака со шеќерот додека да добиете шлаг. Додајте ја павлаката и повторно изматете со миксерот за да се соединат.
2.Постепено додајте ги мелените бисквити и мешајте со лажица додека да се изедначи смесата.
3.Потоа додајте ги сечканите јагоди (може и друго бобесто овошје). Промешајте.
4.Смесата распоредете ја во калап со флексибилен обрач 24 см и израмнете.
5.Одозгора декорирајте со шлаг и рендано чоколадо, па оставете да се стегне во фрижидер преку цела ноќ, или 2 часа во замрзнувач. Постапката погледнете ја ОВДЕ.