СИТЕ МИ ГО ПОБАРАА РЕЦЕПТОТ КОГА ДОЗНАА ДЕКА ТОРТАТА СЕ ПРАВИ ЗА 10 МИНУТИ: без печење, само чекате да излади. Многу вкусна торта со банани која ќе ве остави без здив. Постапката е многу лесна, за оние кои немаат многу време да подготвуваат торта, а сакаат нешто убаво и вкусно да направат.

Потребни состојки: 3 банани, 200 г чоколадни какао бисквити, 1 литар млеко, пудинг прашок со вкус на ванила, 8 лажици какао, 8 лажици шеќер, 3 лажици пченкарен скроб, 100 г путер, какао по желба или нешто друго за наросување.

Постапка: Зрелите банани се лупат, па се сечат на кругови. Се редат во плех со флексибилен обрач (по можност со дијаметар од 22 цм), обложен со најлонска фолија.

Во подлабок сад се додава пудинг прашокот со вкус на ванила, какаото, шеќерот и пченкарниот скроб и се промешува со рачна маталка. Во меѓувреме во тенџере се загрева млекото, а откога ќе зоврие се додава мешавината од суви состојки и се меша додека да се формира чоколаден прелив.

По соединување, тенџерето се трга од оган и се додава путерот, па се меша со рачна маталка додека да се растопи во смесата. Чоколадниот крем се прелива во обрачот со банани, околу 2/3, а преостанатата третина се зачувува.

Преливот добро се измазнува па врз него се редат какао бисквитите, скршени или цели по ваша желба. На крајот се премачкува со преостанатата 1/3 од кремот и повторно добро се измазнува. Тортата се става да отстои во фрижидер минимум 1 час за добро да се стврдне.

По изминатото време, тортата се префрла со долната страна да биде сега одозгора во поголем рамен сад, а потоа се вади проѕирната фолија. Се наросува со какао или нешто друго по желба, а потоа се послужува. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ, а во продолжетокот на видеото имате бонус рецепт за сличен колач со банани, без печење.

II РЕЦЕПТ: Евтин, едноставен, брз и многу вкусен колач без печење – совршена комбинација од кокос, банана и бисквити, сличен е на првиот рецепт, но под друг редослед. Рецепт на Том Филос. Навистина едноставен колач со богат вкус. Ставете ги сите состојки во блендер и тој ќе ја заврши целата ваша работа, а за возврат ќе уживате во вкусот на колачот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 банани (400 г), 100 г путер, 200 г шеќер во прав, 150 г кокос, 250 г мелени бисквити, 3 лажици какао (30 г), 150 мл слатка павлака, 100 г темно чоколадо.

ПОСТАПКА: Излупените банани ставете ги во блендер заедно со 100 г путер, претходно омекнат на собна температура и додајте 200 г шеќер во прав. Блендирајте додека состојките да се соединат.

Потоа додајте 150 г кокосово брашно во смесата и повторно изблендирајте за да се соедини смесата со кокосот. На крајот, додајте ги мелените бисквити (плазма или било кој бисквит по ваш избор). Блендирајте додека целата смеса да стане мазна и ронлива.

Префрлете половина од смесата во друг сад, а во остатокот додајте го какаото и промешајте со рачна маталка. На овој начин добивате темен, чоколаден слој. Земете еден долгнавест калап и обложете го со најлонска фолија. Внимателно распоредете ја смесата рамномерно и добро притиснете и израмнете.

Нанесете го темниот, чоколаден слој врз неа и измазнете го. Покријте со фолија и оставете ја тортата да се излади околу половина час. Свртете ја тортата на чинија за сервирање, така што светлиот дел да биде одозгора.

Во тенџере на оган, загрејте 150 мл слатка павлака и 100 г темно чоколадо скршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини, па прелијте како шлаг на тортата и оставете уште малку да излади во фрижидер. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.