Повеќето од нас што немаат машина за сушење на алиштата, истите ги сушат во станот или на тераса, на позната „жица за сушење алишта”. Меѓутоа, една корисничка на социјалната мрежа Reddit откри еден трик кој редовно го користела за што повеќе алишта да закачи на жицата за сушење.

Сите беа воодушевени кога го видоа овој метод. Имено, нејзиниот метод се состои во тоа што користи штипки и алиштата не ги префрла преку жицата, туку го реди токму како што е прикажано на фотографијата, со што максимално го користи просторот. На овој начин алиштата заземаат најмал простор, а воедно и уредно се наредени.

На повеќето им се допадна овој трик и одлучија да го искористат, особено кога станува збор за помали парчиња облека, како што се маици и суќни.

Меѓутоа, имаше и такви корисници кои тврдеа дека овој начин не е препорачлив, бидејќи меѓу облеката има помал слободен простор за доток на воздух, па поради тоа алиштата поспоро ќе се сушеле. За овој проблем еден експерт за домаќински работи од Австралија откри како алиштата може да се исушат тројно побрзо.

Шенон Лаш од Австралија е експерт за домаќински работи, па сите домаќинки ширум светот едвај ги чекаат нејзините најнови совети. Во најновата објава, таа изјави дека кај жените е попyларно верувањето дека повеќе детергент значи и почисти алишта.

Но, според неа, тоа воопшто не е точно. Додава дека луѓето најчесто поради „премногу испрани” пешкири добиваат осип и иритација на кожата. Причината за тоа е многу едноставна: вишокот прашок се залепува на ткаенината и со сушењето (во машина за сушење) се загрева.

Затоа пешкирите од сушилницата излегуваат онака меки и убави, но веќе за еден ден го попримуваат оној класичен, груб облик. Лаш советува да се става помалку детергент и да се водите со девизата: „Помалку е повеќе”.

Во машината за алишта од предната страна доволно е да ставите осмина од препорачаната количина детергент. Оние што се полнат одозгора бараат четвртина од истата количина.

Ако ве интересира како да го скратите времето за сушење на алишта, послушајте го нејзиниот совет за ставање на сув пешкир во машината.

ТРИПАТИ ПОБРЗО: во сушилницата ставете сув пешкир заедно со мокрите алишта

Таа тврди дека на тој начин влажните алишта ќе се исушат трипати побрзо од вообичаено. Многумина се љубители на омекнувачите бидејќи на алиштата им даваат многу убав мирис и мекост. Сепак, таа во омекнувачите верува и смета дека тие не функционираат на едноставен начин:

„Основата на омекнувачите е масло кое се лепи на облеката. Подобро е да ставите оцет наместо омекнувач. Верувајте ми, на крајот не се чувствува никаков мирис од оцетот!”, порачува таа.