Сирупот од бозел го јакне организмот и го чисти од токсини

Навремено наберете си цвет од бозел!
Бозелот е богат со антиоксиданси кои ги штитат нашите клетки од оксидативен стрес.

Луѓето одамна го користеле за лекување на разни тегоби – воспаленија, грип, дигестивни пречки, проблем со кожа, задржување на вода во телото(одличен диуретик), за јакнење на имунитетот, чистење на телото од токсини…

Бозелот е богат со флавоноиди, антиоксиданти за кои е познато дека ги штитат нашите клетки од пропаѓање, а со тоа и од разни заболувања.

Цветовите од бозел берете ги во текот на суво и убаво време, а пред употреба одвојте ги малите гранчиња со цветови – така ќе ви заземаат помалку место во садот за приготвување или помалку простор за сушење, а ионака се важни само цветовите.

Направете го овој здрав здрав сируп кој потсетува на Фанта Шоката, но е уште поубав….

Потребни состојки:

85 цветови бозел
1 кг лимон
1 кг портокал
20 кесички лимонска киселина
10 литри вода
10 кг шеќер

Постапка:

1.Цветовите измијте ги па потопете ги во 10 литри вода. Оставете да преноќи.

2.Следниот ден извадете ги цветовите, но само оние крупните, ништо не се прецедува. На машина за мелење месо или во блендер се меле добро измиеното овошје заедно со кората (и лимонот и портокалите).

Се додаваат 20 кесички лимонтос, се промешува и се остава да отсои уште 24 часа.

3.Третиот ден се процедува сокот низ чиста и густа газа, па во добиената течност се замешува шеќерот.

Се меша со лажице додека шеќерот да се растопи, а потоа сокот се флашира во чисти шишиња кои добро се затвораат.

Послужување:

Овој сируп, исто како и другите се разблажува со вода во однос 1:6. Најубав е во комбинација со минерална вода. Ќе добиете сок кој потсетува на Фанта Шоката, ама е многу поубав…

МЕД ОД БОЗЕЛ

Теглата наполнете ја со цветови од бозел, па залијте ги со домашен мед. Малку промешајте, затворете ја теглата и оставете да отстои на собна температура три до седум денови.

Потоа процедете го медот (не преку газа, туку преку цедалка). Она што ќе го добиете е мед со многу интензивен вкус на бозел кој можете да го додавате во чај, лимонада или така да го јадете.
Медот од бозел може да стои долго, додека не го потрошите.

Напомена: она што ќе ви остане во цедалката ставете го во половина литар вода (или повеќе, во зависност од количината), така што заостанатиот мед на цветовите ќе се растопи, па повторно процедете. Ќе добиете освежителен напиток во кој може да додадете само малку лимонов сок.