Сируп за кристално чисти бели дробови без кашлица

На наше големо задоволство, овој рецепт ни го испрати нашата редовна читателка г-ѓа Татјана Митрова.

Сирупот се подготвува во домашни услови и особено е погоден за помали деца кај кои исфрлањето на секретот е отежнато.

ПОТРЕбни состојки:

1 лажица жалфија
1 лажица ленено семе
1 лажица бел слез
1 лимон исечкан на кругови
250 г шеќер
250 мл вода

ПОСТАПКА:

Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека шеќерот не се растопи.

Се додаваат останатите состојки, а огнот се намалува на тивко. По 15 минути се трга и се процедува.

Се пие трипати дневно по една супена лажица, додека да се смири кашлицата.

Сирупот се чува во фрижидер.

Loading...