Искашлајте ја целата слуз која ве гуши со неколку лажици од овој сируп

Овој лек првично е осмислен за да помогне во искашлувањето на слузта од белите дробови и ослободување на дишните патишта. 

Меѓутоа, луѓето што го консумирале забележале неверојатни промени кај себе: освен што ја исчистиле плуќата, настинката поминала, тие забележале и огромно подобрување во подвижноста на зглобовите и коските, како и престанок на болките во мускулите и грбот кои дотогаш ги чувствувале.

Исто така, оние кои имале проблем со желудникот забележале сè помалку гастритични напади.

Најпосле, овој сируп ќе ви обезбеди витамини и минерали кои ќе ви дадат енергија за целиот ден.

Потребни состојки:

5 моркови со средна големина

4 лажици мед

1 лимон

1 литар вода

Постапка:

Морковите убаво измијте ги и излупете ги, па исечкајте ги на помали тркалца.

Ставете ги во еден литар вода, на оган да зоврие. Штом зоврие водата намалете го огнот на умерено.

Сварениот морков испасирајте го со виљушка заедно со водата во која се варел.

Кога ќе излади додадете го лимоновиот сок од еден лимон и 4 лажици мед. Промешајте, процедете низ цедалка, а сирупот складирајте го во стаклена тегла. Чувајте во фрижидер.

Користете по 5 лажици дневно од овој сируп, распоредени во приближно еднакви временски интервали по една лажица.

Консумирајте го сирупот додека да се повлечат симптомите.

Loading...