Овој рецепт доби најмногу пофалби и помеѓу домаќинките е прогласен за најдобриот рецепт. Питата ќе ве наврати во детството, а таа традиција пренесете им ја на вашите деца и внуци. Питата е најубава да се јаде кога е топла и е вистински мерак за дyшата.




Подготовката е многу едноставна, а може да ја правите за појадок, ручек или вечера. Одлично одговара со јогурт и може да се послужува и на прослави и родендени. Потребни ви се неколку готови кори, состојки за течната смеса и филот со сирење. Поконкретно, потребните намирници може да ги прочитате во продолжение:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита. ЗА ТЕЧНАТА СМЕСА: 100 мл масло, 150 мл јогурт, 1 јајце, 1/2 кесичка прашок за печиво (1 мала лажичка). ЗА ФИЛ: 500 г сирење, малку сол по потреба, 1 јајце. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 1 јајце, 1 лажичка масло, 1 лажичка јогурт.




ПОСТАПКА: За почеток, јогуртот се става во еден подлабок сад. Потоа се додава јајцето, малку се промешува со жица/маталка, па се додава 100 мл масло. Смесата убаво се соединува, па во неа се додава половина кесичка прашок за печиво, кој треба да се инкорпорира во смесата, па потоа истата смеса се става настрана.




ЗА ФИЛОТ СО СИРЕЊЕ: Во друг сад ставете го сирењето и малку издробете го со виљушка. Пред да го посолите, најдобро е да го вкусите за да знаете колку сол му е потребно. Ако користите овчо сирење, нема потреба од додавање на сол, додека ако користите несолена фета, ќе треба да додадете сол по вкус.




Во сирењето се додава јајцето и убаво се промешува со помош на лажица. Една кружна тепсија се намастува со масло, па се почнува со редење на корите. Првата кора се става на рамна површина и се премачкува со смесата која првично ја подготвивте, со помош на кујнска четкичка.




Одозгора се става втората кора, која исто се премачкува со течниот фил, па се додава третата кора, повторно се премачкува со филот, на местата каде што се гледа дека кората е сува. Потоа од едната страна на корите се става од сирењето и од истата страна се завиткува во цврст ролат.




Ролатот се става во тепсијата од страната и на истиот начин се постапува со останатите кори, додека да се исполни целата тепсија. Ролатите се редат едно до друго и се виткаат кон внатрешноста, како полжав.




Кога ќе го завршите редењето на корите, направете ја смесата за премачкување. Измешајте едно јајце додека да стане пенасто, па додајте 1 лажица масло и 1 лажица јогурт. Соединете ги состојките и одозгора премачкајте ја горната страна на питата, додека да добие убава боја од жолчките.

По желба, може да наросите сусам или некои други семки, но секако оваа опција останува на вас. Питата се пече во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 20 минути, додека да фати убава коричка одозгора. По печењето, питата се премачкува со малку водичка за коричката да не се исуши и да остане сочна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.