Жената со текот на годините станува помудра во секој аспект од животот. Кога жената ќе помине низ различни перипетии, таа одбира како ќе се соочи со нив и дали ќе ги прифати како лекција. Мудрата жена е свесна дека не постојат позитивни и негативни искуства, за неа постои само едно – лекција.
Силните жени знаат да застанат зад себе, да се бранат и никогаш нема да ги видите да ги прават овие шест работи. 1. Не губат време сожалувајќи се себеси. Никогаш нема да слушнете силна жена да се жали дека некои околности не оделе во нејзина корист или дека некој не бил искрен со неа.
Тие ја преземаат одговорноста за одлуките што ги носат и резултатите што ги носат и свесни се дека животот често е неправеден. Од тешките ситуации излегуваат уште посилни со научените лекции и не се каат за ништо што направиле во минатото.
2. Не дозволуваат никој да ги контролира. Силните жени се свесни за себе и за своите емоции и никогаш нема да дозволат некој да ги искористи за да манипулира со нив. На манипулаторите им одговараат со игнорирање, па јасно даваат знаци дека тие стојат зад својот став и не може никој да го промени тоа мислење.
3. Силните жени не се плашат од промени. Тие не бегаат од промени и достоинствено го прифаќаат секој предизвик што ќе им се најде на патот. Тие не се плашат од непознатото и нема да дозволат стравот да ги спречи да успеат во нешто. Секоја промена за нив е лекција.
Силните жени се свесни дека промените се можност да станат подобри, да се променат себеси и светот околу нив. 4. Не се трудат да го променат она што не можат да го променат. Силните жени не пробуваат да контролираат сѐ околу себе. Поради тоа го зачувуваат своето достоинство.
На пример, не се жалат на сообраќајниот метеж или кога не можат да најдат место за паркирање. Тие едноставно се усогласуваат со ситуацијата и не изгледаат вознемирени. Тие не се жалат на другите затоа што знаат за работите кои се надвор од нивна контрола.
Силните жени се свесни дека само тие можат да се контролираат себеси и своите ставови. 5. Не се трудат од сите да бидат прифатени. Силните жени се љубезни и фер, но се свесни дека не секој може да ги сака и прифати. Тие не се плашат да го кажат своето мислење, дури и ако тоа не им се допаѓа на другите.
6. Не се плашат да бидат сами. Силните жени знаат дека да се биде сам има свои предности. Таа ќе го искористи тоа време да работи на себе, да се усовршува и развива. Тоа не значи дека ќе избегнуваат друштво или романтични врски. Тоа само значи дека таа е самодоволна и дека нејзината среќа зависи од неа, а не од другите луѓе.