Во текстот ќе прочитате за еден кинески народен лек кој се користел многу одамна, но поради ефикансоста се задржал до денес, а се употребува за заштита од сите вируси и патогени. За овој лек се тврди дека исфрлал дури 1200 различни патогени бактерии од телото.
Имајќи ја во предвид историјата на оваа земја и начинот на исхраната на тамошните жители, не е ни чудо што народната медицина им изобилува со билки и разни чаеви за заштита од патогени микроорганизми. Ефикасното кинеско лекување против вируси се базира на лековити билки, а се вбројуваат и два вида на корени – слатки и лути.
Слаткиот корен (ова е буквалното име на билката – “сладок корен”) и ѓумбирот имаат силни антивирусни својства, што им дава моќ да се спротивстават на силните вирусни инфекции. Слаткиот корен се користи во лекувањето во традиционалната кинеска медицина веќе 2000 години.
Познатиот доктор Минг Ли Шизенг, во својата медицинска енциклопедија појаснил дека ѓумбирот и слаткиот корен имаат корисен ефект врз 72 видови воспаленија и отстрануваат 1200 видови отрови од телото.
Слаткиот корен содржи повеќе од 150 хемиски соединенија кои придонесуваат во одржување на целокупното здравје, како што се аминокиселини, бета-каротен, витамини, јагленихидрати, масти, протеини.
Коренот од сладунецот содржи околу 10% глициризинска киселина која делува на вирусниот херпес, гликоза и други компоненти. Затоа е главна состојка во многу лекови како што се сируп за кашлица или лекови за чир. Во античко време, слаткиот корен се користел за смирување на кашлица и воспаление на грлото.
Докажано е дека ја уништува насобраната слуз и го забрзува нејзиното исфрлање од органите за дишење. Слаткиот корен бил еден од најефикасните хербални лекови за воспаление на гастрична мукоза, гастритис и чиреви на желудникот и дуоденумот.
Во комбинација со ајдучка трева и кантарион се препорачува за сите кои стра-даат од чир на желудник. Спречува размножување на вируси и нивно ширење во организмот, па затоа се користи во бројни вирусни инфекции, вклучувајќи настинки и грип (особено во комбинација со маточина, ајдучка трева и смрека).
Сепак, лекарите предупредуваат дека слаткиот корен треба да се користи во умерени количини затоа што прекумерната консумација може да доведе до зголемена екскреција на калиум и задржување на натриум и вода во организмот, што би можело да предизвика покачување на кр-вниот притисок и хипокалемија.
Затоа е многу важно да се придржувате до пропишаните дози и да не пиете чај од сладок корен повеќе од 6 недели по ред. Додека пиете чај од сладок корен, намалете го внесот на сол и јадете повеќе зелен лиснат зеленчук и суви кајсии.
Слаткиот корен е добар одржувач на хормонскиот баланс, особено во комбинација со жалфија. Исто така, влијае на процесот на претворање на тестостерон во дехидротестостерон, затоа се препорачува да го користат мажи кои страдаат од зголемување на простатата или опаѓање на косата.
Ѓумбирот содржи десеттина соединенија кои имаат антивирусно дејство, особено од риновирусите. Ѓумбирот ја намалува болката, треската, спречува кашлање и има благ седативен ефект. Чајот од ѓумбир се препорачува и за луѓе кои се подложни на ризик од мозочен у-дар, бидејќи ѓумбирот спречува формирање на тромбови.
Во Азија, постои традиција на користење ѓумбир против мигрена, но исто така е од голема помош на сите кои стра-даат од ревматоиден артритис или остеоартритис. Во комбинација со нане, ѓумбирот е најефикасниот лек против гадење, особено ако станува збор за таканаречена болест при патување или морска болест.
Рецепт за кинески антивирусен лек. Оваа едноставна билна формула на кинеската традиционална медицина се подготвува на следниот начин (рецепт на Филип Мања, доктор по кинеска традиционална медицина). Во тенџере со дебело дно, налијте две чаши вода (450 мл до половина литар), додадете две еднакви лажички сладок корен и лажичка сув, мелен ѓумбир.
Оставете да зоврие и варете на средна температура околу 10 минути. Поделете ја течноста на два дела. Едната половина испијте ја веднаш кога ќе станете наутро, а другата половина оставете ја за попладне. Пред да ја испиете втората половина од чајот, загрејте го малку.
Како се приготвува според еден од начините можете да погледнете во видеото ОВДЕ. Сладунецот, уште се нарекува и сладок корен, а неговите корисни и лековити својства се речиси бесконечни. Сладунецот има многу сложен хемиско-хранлив состав, што го прави единствен меѓу лековитите растенија.
Има голем број на лековити својства, но особено е корисен врз респираторниот тракт и дигестивниот тракт, така што овие состојки се користат за производство на сирупи за кашлица и чиреви на желудник, како и многу други широко користени лекови.
Сладунецот е докажан лек во заздравувањето на воспалението во грлото, синусите и белите дробови. Најдобар начин за консумирање на слаткиот корен е во форма на чај. Покрај дишните патишта, слаткиот корен има многу силно влијание врз нашиот имунолошки систем.
За проблеми со стомакот, најдобро е да го комбинирате со кантарион и тегавец. Покрај сите наведени корисни својства, научниците тврдат дека слаткиот корен има позитивно влијание врз психичкото здравје, бидејќи има смирувачко дејство, а исто така влијае позитивно на расположението.
Ѓумбир – Ова растение, поточно неговиот корен, е вистинска ризница на витамини, антиоксиданти, макро и микроелементи неопходни за нашето тело. Но, ѓумбирот не може да се јаде како независно јадење. Во прилог ви претставуваме неколку оброци во кои може да го додавате ѓумбирот:
Додадете ѓумбир во кафето. Комбинацијата од кафе и ѓумбир обезбедува моќна заштита од слободните радикали, бидејќи двата производи се исклучително богати со антиоксиданси.
За да го направите овој супер пијалак, сварете кафе и додадете една лажичка мелен ѓумбир во кафето или ставете тенко парче свеж корен во чаша и оставете го да се готви 5 минути. Ѓумбирот ќе му даде извонреден вкус на кафето, ќе ви помогне да го зајакнете имуниот систем и да го разбудите вашето тело по ноќниот сон.
Направете чај од ѓумбир. Утринскиот чај од ѓумбир ќе ви даде поттик на енергија и доза на витамин Ц. За оние кои не сакаат или не консумираат кофеин, чајот од ѓумбир е совршено решение. Можете да готвите сушен или свеж корен од ѓумбир, да додадете нане, лимон или камилица. За навечер, овој пијалак е исто така совршен – ги смирува нервите и помага во решавање на проблеми со спиењето.
Додадете го во тост. Ако сте љубител на тост за појадок, направете вкусен и здрав оброк. Намачкајте 2 лепчиња џем и додадете малку изрендан ѓумбир во средината на лепчето. Потоа поклопете ги двете лепчиња и испечете ги во тостер. Со сигурност ќе уживате во овој необичен вкус.
Друг начин за обезбедување на доволна доза од витаминот Ц и антиоксидансите што ви се потребни е подготовката на смути со ѓумбир. Може да додадете сок од ѓумбир или сечкан свеж корен (претходно излупен) во вашето смути. Ѓумбирот, целерот, зеленото јаболко, нането и бананата се одлична комбинација.
Овој пијалак ќе ви ги обезбеди сите потребни витамини во текот на денот и ќе ви даде поттик да работите продуктивно и поенергично. Ѓумбирот е одлична состојка во кифлички, кроасани, па дури и во леб. Можете да експериментирате со него и да подготвувате одлични рецепти.
Тегавец за повеќе енергија. Тегавецот е растение кое има широк спектар на здравствени придобивки, а кога станува збор за зајакнување на имунитетот, му нема рамен. Тегавецот е една од најпознатите и достапни лековити растенија во нашиот регион.
Заедно со слаткиот корен има позитивен ефект во лекувањето што е познат веќе илјадници години. Тие во комбинација биле користени од антички грчки и кинески лекари, а во средновековните книги за лековити билки, оваа високо ценета комбинација била препорачана за 24 различни болести.
Ако редовно го користите овој природен лек, телото ќе стане отпорно на многу болести, а имунитетот ќе биде максимално зајакнат. Потребни состојки: 500 г мед, 300 г свежи лисја од тегавец
Подготовка: Во 500 г домашен мед, ставете 300 г свежи листови тегавец што претходно сте ги измиле, исушиле и сомелиле. Консумирајте една супена лажица од овој лек пред секој оброк. Многу брзо ќе забележите дека енергијата ви се зголемува. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.