Home посни колачи Шубари со бисквити кои многу брзо се прават…За 10 минути добивам цел...

Шубари со бисквити кои многу брзо се прават…За 10 минути добивам цел куп ситни колачи, одлични за слави и родендени…

Шубари со бисквити кои многу брзо се прават…За 10 минути добивам цел куп ситни колачи, одлични за слави и родендени…Еве што ви е потребно:

ПОСНИ КОЛАЧИ (рецепт 1) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г петит бисквити или по избор (мелени, посни)
1 маргарин 250 г
1 чаша шеќер
1 чаша кокос
1 чаша мелени ореви
какао по желба
малку млеко/растително млеко/сок

Глазура:
чоколадо за готвење
3 лажици масло

ВТОР РЕЦЕПТ (ПОЛНЕТИ ШУБАРИ) – Потребни состојки:

400 г мелени бисквити,
360 г шеќер,
4 лажици какао,
12-13 лажици млеко (може и помалку, по потреба),
2 ванилин шеќер и
200 г путер/ маргарин.

За фил:

4 жолчки,
2 цели јајца,
12 лажици шеќер,
2 лажици брашно,
2 лажици млеко,
50 г чоколадо (Менаж) 4-5 штангли и
200 г путер/маргарин

ПОСТАПКА за рецепт 1:

Бисквитот се меле, се додаваат сите останати состојки, се меша смесата и се додава млекото по малку, колку да се добие комапктна смеса, лесна за обликување.

Смесата притиснете ја во калапот за цедење лимони, во внатрешниот дел и на тој начин формирајте „шубара“ или „пирамида“ (калапот обложете го со фолија за полесно вадење на колачот).

Чоколадото растопете го со масло, ако е густо додајте малку млеко, па декорирајте по желба со чоколадото… Колачите ставете ги во фрижидер да се стегнат.

ПОСТАПКАТА за рецепт 2 прочитајте ја ОВДЕ:

Пирамиди од бисквити со чоколадо, готови за дваесеттина минути