Рецепт и видео прилог на Готвачот Иги (Igy The Cook). На вашата трпеза овој вкусен десерт ќе се најде точно за 40 минути! Најубави се ако малку отстојат во фрижидер…секако доколку успеете да се воздржите.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 1 пудинг од ванила, 1 пудинг од чоколадо, 4 лажички мед, 2 супени лажици гриз, 50 мл масло, 200 мл кисело млеко, 10 г прашок за печиво, 2 јајца, 2 супени лажици шеќер и 6 кори за пита

Постапка: Измешајте малку млеко (50 мл или 3 супени лажици), 2 лажички мед, пудунг од ванила, а потоа истото направете го и со пудингот од чоколадо. Во преостанатото млеко (450 мл) додадете ја смесата од ванила и убаво промешајте.

тенџерето со смесата ставете го на оган и мешајте додека да згусне. Тргнете го на страна, покријте го кремот со проѕирна фолија за да не фаќа коричка и оставете го да излади. Истата постапка во посебен сад повторете ја за да го приготвите и чоколадниот пудинг.

За премачкување измешајте: масло, гриз, јајца, прашок за печиво и кисело млеко. Добро изматете да се соединат состојките. На првата кора нанесете од преливот за премачкување, на втората кора исто така, а на третата кора нанесете го пудингот. Свиткајте во ролат и ставете во намастен плех.

Постапката се повторува и за втората штрудла. На крај одозгора премачкајте ги со преостанатиот прелив. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете ги околу 30-35 минути. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: