Што треба да направите ако на летување добиете стомачен вирус?

Со летото дојде и стомачниот вирус. Гадење, повраќање, главоболка и треска се некои од симптомите кои траат и до пет дена. Што да правиме, зошто луѓето на летување добиваат стомачни проблеми и кои лекови не треба да се пијат, објасни во „Јутру“ на Прва д-р Милена Турубатовиќ, општ лекар.

„Летниот период најчесто е период кога се почести стомачните вируси, бидејќи времето е потопло, многу почесто е расипувањето на храната. Мора да водиме сметка за хигиената, во однос на почесто миење на рацете и чување на храната на ладно место, за да ги спречиме стомачните вируси.

Расипана храна не е секогаш причина, стомачниот вирус може да биде предизвикан од вируси и бактерии. Тие се многу заразни, лесно се пренесуваат, а најчесто се пренесуваат со валкани раце, неизмиено овошје или недоволно термички обработена храна“, вели д-р Турубатовиќ.

СИМПТОМИ НА СТОМАЧЕН ВИРУС

„Најчести симптоми се грчеви во стомакот, тежина, блага болка, а потоа повраќање или дијареа. Може да се појават и повеќе симптоми во исто време, но не треба да загрижува бидејќи е нормално.

Обично трае кратко, ден или два. Мора да се потрудиме доволно да се хидрираме, да пиеме многу вода и незасладени чаеви. Не земајте сокови во овој период.

Ако имаме повеќе од десет напади на дијареа, ако симптомите траат подолго од пет дена или ако се појави крв во столицата, веднаш треба да одите на лекар“, откри докторката и објасни што треба да јадеме:

„Во тој период треба да се јаде, но не и мрсна, пржена храна, слатки, млеко и млечни производи. Сè друго можеме да земеме во помали количини и да бидат чести оброци, обично супа, ориз, малку мелено месо. Не треба да се јаде овошје, можеби малку банана или печено јаболко“, објасни д-р Турубатовиќ.

Според неа, не треба да се земаат антибиотици.

„Вообичаено, не треба да пиете лекови бидејќи тоа се обично краткотрајни тегоби. Секогаш можеме да земеме пробиотик, а за сè друго треба да се консултирате со лекар.

Не треба да се земаат антибиотици, бидејќи некои патогени кои ги предизвикуваат овие заболувања се задржуваат во телото ако пиеме антибиотици и така се продолжува агонијата.

Антибиотик никогаш не треба да земате на своја рака. Одморот и хидратацијата се од суштинско значење“, рече докторката и предупреди на инфузии, како и витамински инфузии кои стануваат се попопуларни.

„Сега сакаме да живееме во доба каде што веднаш за сè добиваме инстант решение. Мислам дека тоа е погрешно. Не треба да се земаат инфузии. Застапени се кај оние кои се слаби, хронични, со слаб имунитет и при стомачни проблеми се дава при дехидрација, не во секој случај.

Ако имате многу сува уста, силна главоболка, слабост, грчеви во мускулите, тогаш ви треба инфузија. Само една чинија супа е исто како инфузија“, објасни докторката и додде:

„Јас како доктор не сум за тоа бидејќи примате бустер доза, а здрави сте и немате хронично заболување. Понекогаш може да биде штетно, бидејќи го оптоварувате телото со течности.

Количеството на витамини што го добивате од инфузијата можете да го добиете преку преку храната, што е многу подобро. Инфузијата секогаш треба да ја препорача лекар.

Исто така, лекот против повраќање не треба да се зема поради задржување на предизвикувачот и предизвикувачкиот агенс во телото. Ја продолжувате и ја влошувате состојбата, бидејќи вирусот само подолго ќе остане во вас“, објасни д-р Милена Турбатовиќ.