ШНИЦЛИТЕ СЕ ТОПАТ ВО УСТА КАКО ЛОКУМ: без пржење во тавче, целиот процес се подготвува во рерна

Ова е едно одлично јадење кое може да го подготвите во било кое време без да се трошите премногу или да поминувате долго време во кујна. Сè што ви треба е малку месо (јунешки, свински или телешки шницли) и малку печурки.




Обично кога се подготвуваат јунешки шницли за ручек, домаќинките претпочитаат пржење и долго динстање во тавче, а на крај сето тоа уште малку да се запече. Сепак, постои и друго решение кое не одзема доста време како претходното, а месото се топи во уста како путер.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг говедско месо, 50 мл маслиново масло, 1 лажичка сол, зачини за месо, 100 г путер, 180 мл вода + 250 мл вода, 200 мл павлака за готвење, 1 лажица доматно пире, 200 г свежи печурки.




ПОСТАПКА: Секоја шницла поставете ја во огнотопорен сад една до друга, но да не се преклопуваат одозгора. Направете мешавина од маслиново масло и 1 лажичка сол, па со кујнска четкичка премачкајте ги шницлите прво од едната, па од другата страна.




Потоа посолете рамномерно од двете страни и зачинете со специјална мешавина од зачини за месо. Доколку немате, сето тоа може да го замените со други зачини по ваш вкус: барбекју, лук во гранули, црвен пипер…




Покријте го садот со стреч фолија и ставете во фрижидер 2 часа за месото да се маринира и омекне. Ова е првиот стадиум од омекнување на месото, а многу домаќинки го практикуваат овој метод со отстојување во фрижидер и по цела вечер.




По изминатото време извадете го садот од фрижидер и помеѓу парчињата месо вметнете околу 100 г путер распореден насекаде на листови. Прелијте со 180 мл вода и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 1,5 час.




По печењето, не ја исклучувајте рерната туку појачајте ја на 220 степени да се подготви, а во меѓувреме одозгора врз месото прелијте уште 250 мл вода и распоредете 200 г свежи печурки (шампињони).




Направете го сосот на следниов начин: во 200 мл неутрална павлака (хопла) измешајте 1 лажица доматно пире и посолете по потреба. Сосот прелијте го врз месото и печурките и допечете на 220 степени уште 30 минути. Месото може да го послужите со свежа салата, ориз или компири.

Претходна статијаСАМО ЈАЈЦА, ШЕЌЕР И МЛЕКО: свекрва ми го прави секогаш за Прочка, а денеска и јас
Следна статијаЕВЕ ЗОШТО МАЖИТЕ ГИ ОСТАВААТ ДОБРИТЕ ЖЕНИ: Едноставно е, но несфатливо!