Фото и рецепт: Родна Трпеска. За мерка се користи шолја од 250 мл

Потребни состојки: ½ шолја шеќер, 2 јајца, 125 г путер/маргарин, ½ шолја гриз, 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво. За полнење: јатки ореви и суво грозје. За шербет: 3 шолји шеќер, 3,5 шолји вода, 2 ванилин шеќер

Постапка: Најпрво се приготвува шербетот. Три шолји шеќер се вари во 3,5 шолји вода околу 10-15 минути. Пред крајот се додава ванилин шеќер. Шербетот се трга на страна и се остава да излади.

Двете јајца пенасто се матат со половина шолја шеќер додека тој да се растопи. Потоа се додава 125 г путер или маргарин, половина шолја гриз, две шолји брашно и еден прашок за печиво, па се замесува тесто.

Од тестото се кинат мали парчиња, се формираат топчиња, а во внатрешноста им се става орев и суво грозје претходно натопено во вода и исцедено.

Се печат во загреана рерна на 180-200 степени додека убаво да заруменат. Врелите печени колачи се прелеваат со ладниот шербет и се оставаат да изладат.

Фото и рецепт: Родна Трпеска