Фотографија и рецепт на Анета Ане. Потребни состојки: 300 г свинско месо, 300 г телешко месо, 300 г пилешки стек, 300 г цели печурки (од тегла), 150 мл вино, 150 мл вода, 50 мл доматен сос, 1 зелена пиперка, 3 главици кромид, 3 чешниња лук, 2 поголеми компири, сол, црн пипер, сув зачин, буковец, 6 ленти кашкавал и 3 плескавици со кашкавал од кои се формираат мали ќофтенца

Постапка: Месото ситно го сечкаме и го зачинуваме со сол и црн пипер. Во меѓувреме, го запржуваме кромидот на малку загреано масло, претходно ситно исечкан, па ја додаваме сечканата пиперка, па дури потоа го додаваме зачинетото и исечено месо.

Фото и рецепт на Анета Ане (селско месо на домашен начин)

Го запржуваме и месото па додаваме на коцки исечкан компир и лукче, па уште малку се запржува и на крај ги додаваме печурките и доматниот сос. Оставаме на оган да прокрчка уште 5 минути со внимателно промешување, па го додаваме виното, водата и зачините (сол, вегета, црн пипер, буковец) по желба.

Фото и рецепт на Анета Ане (селско месо на домашен начин)

Одозгора ги редиме малите ќофтенца. Сета оваа смеса вака приготвена ја истураме во грне, ја поклопуваме и ја ставаме на печење во загреана рерна на 250 степени да крчка 2 часа, а потоа намалуваме на 200 и продолжуваме со готвење уште еден час.

На крај го вадиме грнето, одозгора му ставаме кашкавал и го враќаме во рерната уште 15-тина минути или додека се растопи кашкавалот.

Фото и рецепт на Анета Ане (селско месо на домашен начин)

Фотографија и рецепт на Анета Ане