Нема нешто повкусно од манџички со магдонос, кој покрај големите лековити својства, тој е многу вкусен и дава одлична арома во секое јадење. Магдоносот е билка која не може секогаш да се најде во свежа состојба во продавниците. Од тие причини, Виолета откри една одлична идеја: „Кога ќе најдете свеж и здрав магдонос, купете си поголема количина и спремете го на следниот начин, како коцка за супа, замрзнат во фрижидер.“




Магдоносот спакуван на овој начин може да се става и во чаеви, поради неговата способност во зајакнување на имунолошкиот систем. За овој рецепт ќе ви бидат потребни неколку китки свеж магдонос и по желба може да ставите неколку чешниња лук, бидејќи во речиси секое јадење се става и лукче. Во овој рецепт се ставаат 8 чешниња лук.




Магдоносот добро се мие под млаз вода, потоа се остава да се исцеди и да се исуши на хартија, па се сечка на ситно парчиња. Ако одлучите да додадете и лук, чешнињата исечкајте ги на ситни коцки или тенки листови. Потоа двете состојки се ставаат во блендер и смесата се блендира додека фино да се соединат во густа смеса.




Додајте 1 лажица маслиново или некое друго масло по желба, па потоа продолжете со блендирањето до соединување. Смесата се излева во калапи и специјални кеси за коцки мраз, па се става во фрижидер за замрзнување. Доволно е 1 час за коцките да замрзнат, па по вадењето од фрижидер, кога ќе сакате да ги искористите, се оставаат неколку минути да омекнат и се вадат од калапчињата.




Кога ќе ги извадите коцките веднаш складирајте ги во зип кесичка и повторно вратете ги во замрзнувачот. Коцките се вадат по потреба и се ставаат во јадење. Можете да си направите две различни смеси, едната со лук, а другата само со магдонос. Еве како да го направите познатиот чај од магдонос:




Како се приготвува чај од магдонос? 

Во врела зовриена вода (500-800 мл) додајте една полна рака ситно сечкан магдонос или една до две коцки смрзнат. Водата тргнете ја од оган, поклопете и оставете да излади. Процедете го, додајте лимонов сок и пијте го во текот на денот. Не смее да се засладува ниту со шеќер, ниту со мед. Во текот на денот треба да испиете половина литар од овој чај.




Чајот од магдонос е многу здрав и народната медицина го препорачува при лекување на воспалителни процеси на уринарните патишта, болести на бубрезите, но и за cлабeeње. Оние кои го пробале велат дека многу им помогнал, особено за намалување на притисокот и исфрлање на вишок телности. Добро е и да се придржувате кон следните правила:




Чајот е најдобро да се вари од свеж магдонос. Пијте го во комбинација со лимонов сок (во чаша чај од магдонос додајте сок од половина лимон). Конcyмирајте го секојдневно во текот на 5 дена, а потоа направете пауза од 10 дена.

Во текот на овие пет дена додека го пиете чајот, потребно е да вежбате или повеќе да бидете физички активни. Пешачење или брзо одење во времетраење од половина час, ќе биде доволно.




Во текот на овој период, исто така, потребно е од исхраната да ги исфрлите слатките и солените намирници, индустриските преработки. Јадете свежа, готвена и чорбеста храна. Потребно е да пиете доста вода покрај овој чај (околу 2-3 литри најмалку). Не се препорачува да се внесува храна после 18 (најдоцна 19 часот).

Во споредба со другите овошја и зеленчуци кои традиционално ги поврзуваме со витамин Ц, магдоносот има околу 3 пати повеќе од овој витамин отколку лимоните и портокалите. Деталите од подготовката на смрзнати коцки од магдонос, може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.