Има многу различни теста за подготвување на пица, некои бараат долго месење, а некои веднаш ја замесуваат и ја печат. Сепак, ги има и тие кои се перфекционисти и тестото го подготвуваат со денови, тогаш е најубаво.

Тестото треба да биде крцкаво, а филот сочен. Тоа е всушност поентата на добра пица. За пицата да биде вкусна, треба да обратите внимание на тестото, а најмногу треба да се посветите на месењето и квалитетот на брашното.




Рецептот за добро тесто е секако добро чувана тајна на секој мајстор. Јас таа тајна денес ќе ви ја откријам како да подготвите совршено тесто за пица за кое сите ќе ви побараат рецепт, со сигурност. Ја сакаат и млади и стари, безвременски рецепт е ова. Еве што ви е потребно за да го подготвите тестото:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300-350 мл млака вода, 8 г сув квасец, 1 лажичка шеќер, 500 г брашно + уште малку за замесување. ЗА ФИЛ: 200 г кашкавал исечен на стапчиња, 150 г пица сос, 150 г рендана моцарела, 150 г шунка, малку сувомеснато, печурки, маслинки, оригано. Тајната состојка може да ја прочитате во продолжение.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад за замесување на тесто ставете 500 г брашно, па во него додајте 8 г сув квасец (20 г свеж квасец). Потоа веднаш се додава 1 лажичка шеќер, па се прелива со 300 мл млака вода (ако е потребно постепено се додава повеќе додека го месите тестото).




Малку посолете, па со дрвена лажица започнете да ги мешате состојките, а потоа преминете на месење со раце. Замесете фино и меко тесто кое кога ќе почне да се соединува, префрлете го на набрашнета површина и замесете го уште малку додека да престане да се лепи (додавајте брашно по потреба).




Кога тестото ќе стане меко, вратете го во садот кој што првично го замесивте и одозгора прелијте го со квалитетно маслиново масло (тајната состојка), околу 2 лажици. Покријте го тестото со крпа, и оставете да нарасне во садот кој стасува.




По изминатото време, тестото поделете го на два еднакви делови. Тестото е навистина многу убаво и многу се развлекува. Малку премесете ја едната половина и развлечете го најтенко што можете, таа во секој случај ќе нарасне.




Тестото се префрла на хартија за печење во плех. Исечете кашкавал на стапчиња и наредете го околу краевите на секоја пица (потребно е малку да излегува тестото од плехот), па после со вишокот преклопете врз кашкавалот за краевите да бидат сочни, а не суви.




Потоа на средината, филувањето оди стандардно, прво се става доматен сос (сос за пица), па се реди шунка, рендан кашкавал, печурки, маслинки и оригано. Пицата се пече во претходно загреана рерна на највисока температура, околу 10 минути додека тестото да се исуши. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.