Секој ден ќе го правите овој вкусен и едноставен рецепт…Крофни за 10 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
60 г шеќер
80 мл млеко
80 мл сок од портокал
60 мл масло
8 г ванилин шеќер
1/2 лажичка сол
1 лажичка анасон семе за вкус (мелено)
480 г брашно
12 г прашок за печиво

ПОСТАПКА:

1.Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата, па додајет млеко, масло, сок, сол и мелен анасон. Измешајте па додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво. Замесете меко тесто кое сосем малку се лепи за прсти.

2.Тестото нека одмори 5-10 минути. Намастете ги рацете, кинете од тестото и обликувајте топчиња. Со прстите направете дупче во средината за да добиете облик на прстен.

3.Крофничките оставете ги да одморат 5 минути додека се загрева маслото, па пржете ги на умерена температура додека да заруменат од двете страни.

4.Готовите крофнички валајте ги во шеќер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.