Сечете парчиња од тестото, ги нафрлате и добивате мека, вкусна ХАОС ПОГАЧА која се топи во уста

Многу лесна и интересна постапка.

Потребни состојки:

500 мл млеко
1 лажичка шеќер
1 лажица сув квасец
1 јајце
6 лажици масло
2 лажички сол
850 г брашно

за премачкување:

100 г путер
1 жолчка
1 лажица масло
1 лажица млеко

Постапка:

Во 500 мл млако млеко ставете една лажичка шеќер и една супена лажица сув квасец. Се остава 5 минути да се активира, па се додава едно јајце, 6 лажици масло, сол и брашно. Се замесува убаво мазно тесто и се остава да стаса.

Потоа се дели на 4 делови, се развлекува секој дел во круг со пречник од 20 см. Премачкајте ги трите круга со омекнат путер. Последната кора не се премачкува.

Сите четири кори заедно се развлекуваат во круг со пречник од 40 см и се премачкува со преостанатиот путер. Потоа кругот исечкајте го на коцки од 5 см и редете ги без некој ред, односно нафрлајте ги во калап со пречник од 26 см, претходно намастен со путер или обложен со хартија.

Оставете ја погачата да стасува 40 минути, премачкајте ја со разматена жолчка, 1 лажица масло и 1 лажица млеко. Ставете да се пече на 170 степени, 40 минути.

coolinarika.com

Претходна статијаТопол, жолт и лут чај кој ќе ве штити од вирусни инфекции – најдобриот зимски напиток
Следна статијаСо години крвната слика и била лоша, го направила овој лек и после докторите не и верувале