Веројатно сте немале можност досега да ја пробате, но кога еднаш тоа ќе го направите, ќе сфатите зошто таа е толку посебна.

Потребни состојки: Околу 900 г брашно, 200 мл млеко, 2 јајца + 1 белка, 6 лажици масло, 6 лажици јогурт (собна температура), 40 г свеж квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажички сол. И уште: 100 г путер, 400 г младо сирење и 1 жолчка и малку млеко за премачкување

Постапка: Во 200 мл млако млеко ставете шеќер и квасец, промешајте да се растопи и оставете 10-тина минути на топло за да се активира.

Во просеано брашно додадете ги сите состојки и преостанатото млако млеко, па замесете меко и мазно тесто. Оставете го покриено да стасува на топло место околу еден час, додека убаво да се удвои.

Изматете го путерот на собна температура за да може да се размачкува по тестото. Сирењето посолете го ако не е солено. Стасаното тесто поделете го на четири еднакви делови, и секој развлечете го во праволаголник со приближно 1 см дебелина.

Секоја кора премачкајте ја со путер, па со сирење и редете ги една врз друга. Последната кора не ја мачкајте со ништо.

Потоа со дланкте започнете да го притискате тестото одозгора за да се рашири, за да добиете правоаголник со величина од 28х40 см. Тестото прво пресечете го на половина, а потоа секоја половина уште двапати, за на крај да добиете 6 ленти тесто.

Секоја лента малку засучете ја спирално(како за влашка пита), од половина на едната, а другата половина на другата страна. Да не се растегнува лентата, туку само да се увртува.

Намастете тепсија со пречник од 30 до 32 см (ни помала ни поголема). Во средината ставете го првиот дел свиткан како полжав, па на него додавајте ги следните ленти. Краевите околу 1 см отсекувајте ги и израмнете пред ставањето во тепсија.

Кога сите шест ленти ќе ги наредите, погачата одозгора премачкајте ја со разматена жолчка и лажица млеко. Оставете на топло да стаса уште половина час, а потоа ставете да се пече во загреанат рерна на 180 степени околу 45 минути или прилагодете според вашата рерна.

Погледнете сличен рецепт со видео:

Domacikuhar.info