Може да се пронајде во бројни креми, серуми и тоници, а произведувачувате ја фаворизираат од повеќе причини.

Таа има повеќенаменско позитивно дејство врз кожата, а ќе наброиме само 4 причини, зошто може да биде добра токму за вас.

Гликолната киселина најчесто се добива од шеќерната трска и припаѓа на групата АХА (алфа хидроксилни) киселини, но може да се најде и во други намирници.

Најпознатата карактеристика на оваа киселина се однесува на фактот дека има најмала група на молекули и поради тоа има способност да продира длабоко во кожата.

Ова ја прави најефикасен препарат за лекување на акни, брчки, митесери како и различни пигментации на кожата. Многу креми во последно време во својот состав ја имаат токму оваа киселина.

Гликолната киселина продира во подлабоките слоеви од кожата и на тој начин го подобрува нејзиниот квалитет. Може да се користи самостојно, но значително е поделотворна во комбинација со салицилна киселина и ретинол.

ПРОТОИВ СТАРЕЕЊЕ: Бидејќи молекулот на гликолната киселина е многу мал, па има моќ да продре длабоко во епидермисот и да ги стимулира клетките. Хидрира, го изедначува тенот и ја мазни текстурата на кожата.

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА: нејзината најголема предност се состои во нејзината способност да го разгради горниот слој на кожата и со тоа да ја ослободи новата, млада кожа. Практично таа прави еден вид микро пилинг и овозможува кожата побрзо да се регенерира.

ПОГОДНА Е ЗА СИТЕ ТИПОВИ КОЖА: Состојките кои содржеле киселина порано биле користени исклучиво за кожа која е склона на акни. Меѓутоа, денес дерматолозите препорачуваат киселини за сите типови на кожа, а гликолната посебно.

ПРОТИВ АКНИ: Гликолната киселина е одличен додаток на секоја нега за убавина на лицето, за оние кои имаат проблем со акни и митесери, а особено за цистични акни и затнати пори.