„Брамборак“ се компирови „палачинки“ кои ни доаѓаат од чешката кујна. Овој стар рецепт добро им беше познат на нашите баби кои редовно го приготвуваа. Се зачинуваат со ароматични билки или со рендан лук и кромид, а се сервираат со различни солени или слатки додатоци.

РЕЦЕПТ 1 (на Ричи) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 големи компири, 500 мл врело млеко, 4 супени лажици брашно, 2 јајца, 3 чешниња лук, мелен црн пипер, сол и сува зеленчукова мешавина по вкус, масло за пржење.

РЕЦЕПТ 2 (на Тихана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 200 мл млеко, 2-3 супени лажици брашно, 3 јајца, малку сланина, малку лук, рузмарин/мајоран или билки по вкус, сол, црн пипер и зеленчукова мешавина по вкус

РЕЦЕПТ 3 (чешки рецепт) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 компири со средна величина, 1 јајце, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка мајоран, 2 рендани чешниња лук, третина чаша од 250 мл брашно и масло за пржење

ПОСТАПКА за рецепт 1: Свежиот компир измијте го, излупете го и изрендајте го на крупната или ситната страна од рендето (по ваш избор). Прелијте го со врело млеко. Додајте го брашното и сите останати наведени состојки мешајќи енергично.

Добро изедначете ја смесата за да нема грутчиња од брашното. Потоа со намастена лажица вадете од смесата и спуштајте во умерено загреано масло. Одозгора со лажицата малку обликувајте за да добие облик на плескавица. Кога ќе зарумени од двете страни, вадете во чинија обложена со хартиена салфетка. Следи постапка за рецепт 2:

ПОСТАПКА за рецепт 2: изрендајте го сировиот компир, прелијте го со врело млеко, додајте брашно, изматени јајца, ситно сечкана сланина, ситно сечкан лук, па зачинете по вкус и убаво измешајте за сето да се распореди рамномерно. Потоа црпете со лажица и спуштајте во загреано масло и пржете додека да зарумени од двете страни. Послужете топло.

ПОСТАПКА за рецепт 3: изрендајте го компирот на ситната страна од рендето, додајте јајце и сите останати состојки, зачинете по вкус, па црпете со лажица и спуштајте во тава, на умерено загрено масло и пржете додека да зарумени од двете страни. Послужете топло. Деталите погледнете ги ОВДЕ.