РУСКА САЛАТА…Ова е основната количина…Кралица меѓу салатите! Ова ни е омилената салата, ја правам многу често и летно време зашто веднаш ја јадеме.

Ова е основната количина што ја правам, а вие ако сакате направете помала доза колку за проба, но ве уверувам дека е предобра.

Потребни состојки:

3 компири
4 моркови
200 г грашок
5-6 кисели краставички
1 пилешки нарезок
300 г мајонез
5 јајца
магдонос, сол по вкус

Постапка:

Компирот и морковот исечкајте ги на коцкички и варете ги 5-10 минути (или додека да омекнат), а во посебен сад сварете го грашокот. Во друг сад сварете ги јајцата. Киселите краставички и пилешкото исечкајте ги на коцкички.

Сите состојки соединете ги со мајонез, па додајте малку сол по вкус.

Садот обложете го со проѕирна фолија, па варените јајца исечете ги на тенки тркалца и со нив обложете го ѕидот на садот.

Празните просторчиња помеѓу тркалцата пополнувајте ги со магдонос (остатоците од сечењето на јајцата измешајте ги во салатата). Внимателно наполнете го садот со салатата и оставете во фрижидер да излади.

Пред послужување ставете поголема чинија врз која ќе се служи салатата, па брзо превртете го садот. Уживајте во вкусот. Прочитајте уште еден рецепт:

Без неа не се може: Руска салата – оригинален рецепт од Русија!