Home Народна медицина Масло од МАСТИКОВО ДРВО за лекување на проширени вени

Масло од МАСТИКОВО ДРВО за лекување на проширени вени

Есенцијалното масло од мастиково дрво се смета за едно од најефикасните масла кога станува збор за проширени вени и испукани капилари.

Мастиковото дрво (Pistacia lentiscus) е самонико грмушесто растение кое расте по јадранското крајбрежје и други приморски места, а од неодамна започна да се дестилира во драгоцено есенцијално масло.

Може да се употребува во вид на масло, а смолата се суши на сонце и се користи за лекување на гингивитис, желудочни проблеми и за освежување на здивот.

Есенцијалното масло се смета за едно од најефикасните масла кога станува збор за лекување и нега на проширени вени и испукани капилари!

МАСЛО ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ – РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

100 мл кантарионово масло
50 капки есенцијално масло од мастиково дрво
50 капки есенцијално масло од смиљ

Постапка:

Сите масла се мешаат и се складираат во стаклено шише.

Употреба: секојдневно се мачка и нежно се втријува во насока на крвотокот – од глуждовите (скочните зглобови) кон колената и бутовите.

После мачкање не смеете да се изложувате на сонце.