Доколку барате совршен појадок или ужина што ќе ве воодушеви со својата неодолива мекост, ролатот со сирење е одличен избор. Овие кифлички се вистински деликатес за сите љубители на вкусните печива. Тестото на овие кифлички е неверојатно меко и лесно, речиси како пена, а сирењето во нив им дава неодолива арома и полн, богат вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл млеко (1 чаша), 30 г свеж или 7-8 г сув квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 750 г брашно + уште малку за домесување на тестото, 70+30 мл масло, 250 мл вода, 200 г путер, 400-500 г сирење, 1 жолчка + 1 лажица млеко.

ПОСТАПКА: Во длабок сад сипете 200 мл топло млеко, додајте една лажица шеќер и квасец, промешајте и оставете да отстои 10 минути, додека квасецот да се активира. За тоа време измерете го брашното, посолете и измешајте. Потоа додајте 250 мл млака или топла вода, 70 мл масло и активираниот квасец.

Прво измешајте со дрвена лажица, па замесете тесто. Речиси замесеното тесто, кое малку ќе се лепи, прелијте го со 30 мл масло и месете додека тестото да го впие целото масло, за што ќе ви бидат потребни неколку минути месење. Тестото не се чека да отстојува овојпат.

Веднаш поделете го на 4 дела, обликувајте топчиња и оставете ги да одморат 15-20 минути на набрашнета површина, покриени со крпа. Малку набрашнете ги и топчињата со тесто, додека отстојуваат. Oставете да отстојуваaт во топла просторија за да нараснат убаво.

Потоа, секое тесто е потребно да го развлечете. Започнете со развлекување на првото тесто кое го обликувавте во топче, додека останатите се покриени за да не се сушат. Пренесете го тестото на работна површина и со прстите притиснете го додека да се развлече и да добие изглед на правоаголник.

Потоа, развлечете го уште малку со оклагија во голема и тенка кора. По потреба додавајте си брашно. Вака подготвеното тесто премачкајте го со растопен путер, па преклопете го на три дела (погледни слика). Добиената лента премачкајте ја со путер по целата должина и извиткајте во ролат од двете покуси страни.

Поврзете ги краевите и залепете го тестото. На овој начин подгответе ги и останатите топчиња од тесто. Вака добиените кифлички оставете ги да отстојат 20-30 минути покриени со крпа. Потоа земајте еден по еден ролат и развлечете го до ширината на плехот, до должината што ја растегнувавте претходно.

Целата површина премачкајте ја со путер. Тестото може и да го филувате со сирење. Доколку сирењето не е солено, обавезно посолете го. На крајот свиткајте го во ролат, па пренесете во плех за печење, обложен со хартија. Повторете го овој процес со преостанатите 3 теста.

Сите ролати во плехот премачкајте ги со путер и направете дијагонални засеци со остар нож. Оставете да отстојат покриени околу 30 минути. Изматете ги жолчките со млеко и премачкајте ги кифличките. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени и ставете ги кифличките во загреана рерна да се печат.

Времето за печење е 30 минути или може да варира малку во зависност од вашата рерна. Изладете и послужете. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.