РОЛАТ ОД МЕЛЕНО МЕСО СО ЈАЈЦА

Потребни состојки:

250 г мелено месо

1 помала главоца кромид

2-3 чешниња лукче

Loading...

црн пипер, црвен пипер, сув зеленчук (вегета)..

2 јајца

4 лажици презла

3 варени јајца

1 јајце

1 лажица кисела павлака

Постапка:

Ситно исечкајте ги кромидот и лукчето. Додадете го меленото месо и јајцата, па добро измешајте. На крај додадете ги зачините и презлата. Ако имате Сецко, сето ова можете во него да го направите, па така ќе добиете убава хомогена смеса.

Ако смесата ви е малку поретка, додадете уште презла. Јајцата сварете ги и излупете ги.

Смесата од месо развлечете ја на хартија за печење.

Посебно изматете едно јајце (најмалото кое го имате) и малку павлака. Премачкајте ја кората од месо со половина од оваа смеса.

На средината наредете ги сварените јајца. Префрлете го месото од едната и од другата страна преку јајцата, така да добиете ролат, или пак јајцата наредете ги на едниот крај, па свиткајте ролат. Затворете го ролатот убаво од сите страни.

Целиот ролат премачкајте го со остатокот од смесата од јајце и павлака.

Ролатот печете го во загреана рерна на 180 степени.

Одличен со прилог од компир, ориз, грашок…

Loading...