Ролат кој секого ќе го освои, а ќе го правите често – РОЛАТ СО ЈАБОЛКА…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:
1 кг рендани јаболка
100 г ореви
100 г суво грозје
цимет во прав

За бисквит:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно

ПОСТАПКА:

1.Јаболката изрендајте ги и кратко издинстајте ги во тава за да испари вишокот течност. Во нив додајте лажичка цимет во прав или по желба и промешајте, па распоредете ги на дното од најголемиот плех обложен со хартија за печење.

2.Одвојте ги белките по подлабок сад и пенасто изматете ги. Постепено додавајте го шеќерот и ванилата и матете сè додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите.

3.Потоа додавајте ги жолчките една по една и кога ќе се изедначи додајте го брашното. Мешајте со лажица додека сето убаво да се соедини. Нема потреба да се додава прашок за печиво.

4.Врз ренданите јаболка во плехот распоредете суво грозје кое не треба претходно да се натопува (ќе омекне од јаболката), а потоа и сечкани ореви.

5.Сипете ја смесата од јајца и брашно одозгора и израмнете рамномерно.

6.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 10-тина минути колку да зарумени. Јас го печев 12 минути. Оставете да се подизлади (да биде топол, но да не е многу врел).

7.Кората превртете ја врз парче хартија (јаболката да дојдат од горната страна) и отстранете ја долната хартија на која се печење.

8.Топлата кора внимателно свиткајте ја во ролат и премачкјате го со растопено (бело) чоколадо и посипете го со мелени ореви. Оставете да се тегне и олади, па сечете и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.