Обично кога ќе купиме свеж зеленчук внимаваме да го искористиме и потрошиме истиот ден или максимум неколку денови подоцна, затоа што секој нареден ден тој овенува и ја губи својата свежина, или пак започнува да пропаѓа и гние.

Нема ништо поедноставно од овој трик што го одржува зеленчукот свеж многу подолго отколку што некогаш би замислиле… Она што му е потребно на зеленчукот за да го продолжи својот век, е всушност вода…

Блогерката за храна Лама Баци објави еден совет кој навистина пари вреди: како да ја задржите зелената салата свежа – со недели! Ништо полесно и поедноставно: таа нагласува дека ја става салатата во стаклена тегла, ја исполнува целосно со вода и ја става во фрижидер.

После еден месец, таа покажа како изгледа нејзината салата – беше крцкава и зелена дури и по 30 дена, како тукушто да била набрана!

Таа препорачува да се менува водата во теглата на секои 1-3 дена, во спротивно може да фати мувла, па салатата секако ќе пропадне. Ставањето хартиена салветка на врвот на теглата пред да го завртите капакот, служи за да се апсорбира влагата. Овој трик е погоден ако не сакате да ви се расипе одредена храна додека не сте дома, ако патувате и слично.

Оваа „фуд-блогерка“ вели дека истиот принцип важи и за останатиот зеленчук, како што се морковите, целерот…Не чини ништо да го испробаме нејзиниот изум…Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Кога сме веќе кај зелената салата, еве еден лек против акни и разни проблеми на кожата

Доколку редовно се грижите за вашата кожа таа сигурно ќе ви возврати со ведрина и сјај. Доколку вашиот избор за нега на кожата е природен производ, тогаш немате причина за грижа. Наш предлог е да пробате нешто ново, односно една сосема природна намирница, а тоа е зелената салата.

Не само што е богата со витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3 и Б6, туку содржи и многу калциум, магнезиум, железо и бакар. Затоа, искористете ги нејзините благотворни својства и направете препарат кој во претстојните сончеви денови ќе ви го нахрани лицето.

Лосион од зелена салата

Лосионот од зелена салата го ублажува црвенилото на кожата за кое е виновно сонцето. Покрај тоа, овој лосион е познат и како „бришач на акни“. Потребно е листовите од марула да ги готвите во вода, на тивко, околу час и половина. Кога ќе ги процедите, листовите ги фрлате, но ја сочувувате добиената течност. Оваа течност се употребува како лосион, чиј рок на траење е три дена, но важно е да го чувате на темно и ладно место.

Лековитите својства на зелената салата

Латинско име: Lactuca sativa L. Опис: Зелената салата во сите поднебја е добро позната и многу нејзини сорти се култивирани. Време на цветање: од јуни до јули, но салатата како зеленчукова билка не смее да и се дозволи да цвета со исклучок ако намерно се остава за семе, или пак за да и се згусне млечниот сок наречен лактукариј.

Состав: Зелената салата содржи 95% вода, а останатото се витамини и минерали. Од минералите најмногу содржи калиум, калциум и натриум. Калиумот е користен за нервите, бубрезите и срцето, а го зајакнува и имуниот систем. Калциумот е одличен за коските, мускулите и нервите. Натриумот ја регулира водата во организмот, од што зависи крвниот притисок, како и создавањето на желудечната киселина.

Покрај минералите содржи и бројни витамини: најмногу витамин Ц, витамин Е кој е природен антиоксидант, витамини А и Б2 кои се добри за очите, кожата и жлездите, потоа фосфор, железо, магнезиум, бакар, манган и цинк, елементи кои се неопходни за добро функционирање на мускулниот тонус и здравјето на кожата.

Некои видови салати со црвени листови се богати со бета каротен и мали количества горчливи материи кои се добри за варењето на храната и влијаат врз работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката. Во 100 грама зелена салата има само 23 калории.

Употреба: Уште во 400 година п.н.е грчкиот поет Херодот го спомнал лактукаријот како лек. Во Франција и денес се употребува сокот од салатата под името „тридаце“ и важи за смирувачко средтсво, слично на опи-умот. Во последно време лактукаријот се користи против кашлица, за смирување на грчеви, астма, нервна напнатост и несоница.

Лековит дел од билката: Ако сакате да го исцедите сокот лактукариј, тогаш се употребува потполно израсната билка, а за исхрана се користи салатата додека сè уште се наоѓа во главица.

Лековито делување: лактукаријот се употребува за воспаление на очите: се натопуваат мали ткаенини па се ставаат врз очите како облога. За освежување на кр-вта, се користат зелените листови кои содржат хлорофил. Поради растителните влакна, се олеснува празнењето на цревата, па треба да се консумира при хроничен запек.

Редовно консумирање на зелената салата, може да придонесе за нормализирање на кр-вниот притисок, доколку не се упоребува многу сол во истата. Може да помогне при лекувањето на гихт, а исто така, го успорува и стареењето. Салата придонесува за мирен сон, а ова им било познато уште на старите Персијанци, Грци и Римјани.

Славниот поет Гален (129.-199.) напишал: „Кога почнав да стареам и кога сакав цврсто да заспијам, тоа можев да го постигнам само ако за вечера имав цел оброк салата“.

Кој е најхранливиот дел од зелената салата?

Таканареченото „срце“ не е најхранливиот дел од зелената салата-туку цврстите, надворешни, темно зелени листови. Имено, природната состојка нитрат во главицата од зелена салата се намалува од централниот дел кон надворешниот.

Бидејќи од здравствени причини внесот на нитрати преку исхраната треба да биде што помал, поради можното создавање на несаканите нитрозамини, многу штетни соединенија, внатрешните делови од салатата – кои особено се богати со нитрати (на пример, коренот на листот), за време на чистењето треба да се отфрлат.

Покрај малата количина на нитрати, надворешните листови на салатата имаат уште една предност. Тие содржат повеќе витамин Ц, кој е истовремено и најголемата пречка за создавање на нитрозамините.

Напомена: покрај сцевината, добро е да се исфрлат и крајно последните листови, доколку на нив се забележи голема нечистотија или дамки. Листовите од зелената салата треба внимателно и добро да се мијат под силен млаз вода.