Кога сакате да направите квалитетни печива, кои нема да бидат суви, напротив ќе изобилуваат со сочност дури и на деловите каде што нема фил, сетете се на овој рецепт.

Запишете си го, мора да си го имате во купот рецепти во тефтерот. Ако најдете поубав, пишете ми… Рецептот е на баба Халиме која има 86 години и до ден денес го подготвува за своите 3 деца и внуци, кои сега се пораснати.

Таа вели дека рецептот го има многу долго, а во своето долгодишно искуство, овој рецепт за тесто и печива се докажал како најдобар. Еве кои состојки ви се потребни за да го подготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топло млеко (200 мл), 1 чаша топла вода (200 мл), 1 чајна чаша растително масло (100 мл), 1 пакување инстант квасец (10 грама), 2 лажици шеќер (40 грама), 2 јајца (одвојте 1 жолчка за премачкување), 6 чаши брашно (720 грама), 1 лажичка сол (8 грама).

ЗА ФИЛОТ: 100 г бело сирење, 100 г чедар сирење, 120 г путер за премачкување. И УШТЕ: 1 жолчка од јајце (од претходно), 1 лажичка млеко, печен сусам.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад за подготвување на тестото ставете една чаша млако млеко (претходно да биде отстојано на собна температура), па во садот додајте и 1 чаша вода на собна температура, во ист сооднос како млекото.

Додајте го маслото (100 мл) и истресете 1 кесичка инстант квасец. Во смесата додајте 2 лажици шеќер и промешајте со жица/маталка до соединување. Веднаш во смесата додајте 1 цело јајце и 1 белка од јајце и вмешајте ги во неа.

На крајот постепено започнете да го додавате брашното, измешано со солта и полека замесувајте го. Кога ќе се формира соединета смеса која е леплива, додајте го последниот наврат од брашно и месете го 4-5 минути додека фино да се соедини (може и помалку).

Вака подготвеното тесто се остава да се удвостручи на топло место, покриено под крпа. По изминатото време, тестото се размесува уште малку на набрашнета површина и се поделува на 12 еднакви делови (како за пица). Секој дел се формира во топче и потоа топчињата се оставаат под крпа да нараснат уште 15-тина минути.

По изминатото време, секое топче со рака се развлекува во правоаголник, а потоа се дипли од подолгите страни кон средината. Во меѓувреме тестото се премачкува обилно со полурастопен путер кој низ тестото се премачкува со прстите.

Длабински намастете го тестото пред и после поклопување, па потоа на средина ставете од филот (дробено сирење и рендан кашкавал), па завиткајте уште еднаш на половина од кратките страни, како перница. Вака подготвените теста се редат во плех на хартија за печење.

Кога ќе ги подготвите сите теста, покријте ги под крпа и оставете да отстојат уште 10-тина минути. Потоа премачкајте ги со жолчката и во еден сад настрана ставете ги сусамовите семки. Секое тесто, се става од предната страна во сусамот да се накваси.

Печивата се печат во претходно загреана рерна на 190 степени, додека фино да поруменат и да фатат златна коричка. По печењето, се оставаат уште 10-тина минути да одморат, па се псолужуваат топли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.