Ќе ви откриеме три рецепти со тиквички. ПРВ РЕЦЕПТ: Посен ручек со сос од тиквички во печен карфиол, нема поубаво. Потребни состојки: 1 голема тиквица, 1 главица карфиол, половина главица кромид, 200 г праз, 1 стебленце целер, 125 мл маслиново масло, 4 – 5 чешниња лук, 550 мл вода. Од зачини: сол, црн и бел пипер + презла за наросување.

Постапка: Тиквицата, кромидот, празот и целерот исечете ги на коцки. Ставете ги на пржење да се динстаат околу 10-тина минути на умерена температура. Додајте сол по вкус за да се ослободат течностите. Потоа додајте 550 мл вода и варете додека зеленчукот да омекне.




Зачинете и тргнете од рингла. Карфиолот исечете го на цветчиња и прелијте го со солената, врела вода. Оставете да отстои 7 – 8 минути, а потоа процедете и прелијте го со ладна вода. Наредете го карфиолот во плех и зачинете по вкус.

Посебно испасирајте го мекиот зеленчук кој претходно го варевте додека да добиете хомогена кремаста смеса, па рамномерно распоредете преку карфиолот. Чешнињата лук не ги сечете целосно, туку само по средина за полесно да го испуштат нивниот сок.




Ставете во секој агол од плехот и по средината. Одозгора наросете со презла и посолете доколку е потребно и печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека да добие румена боја.

Втор рецепт: Знам дека има мноштво рецепти со тиквички, не само што се многу вкусни и може да се приготвуваат на 1001 начин, туку се и многу здрави. Еве еден мој придонес со рецепт кој го прочитав од списание. Мене многу ми се допадна, а се надевам и вам ќе ви се допадне, затоа што е брз, едноставен и многу вкусен – Тамара.




Потребни состојки за 3 лица: 3 тиквички малку поголеми, 2 лажици маслиново масло, 3 млади лукчиња или кромитчиња, 1 помала китка свеж босилек, 150 г рендан кашкавал, 2 јајца, 100 мл неутрална течна павлака за готвење, 2 чешниња лук, малку мускатно оревче, сол и црн пипер по вкус, по желва магдонос или власец, 2 лажици пармезан

Постапка: веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Тиквичките измијте ги, исцедете ги (исушете ги) и исечете ги на тенки плочки. Посолете ги. Исечкајте го младото кромитче, исечкајте го босилекот и изрендајте го кашкавалот.




Ако тиквичките испуштиле сок, малку исцедете ги, па помешајте ги со сечканото кромитче/лукче, босилекот и кашкавалот. Садот во кој ќе ги печете премачкајте го со оние две лажици масло.

Рамномерно распоредете ги приготвените тиквички. Изматете ги јајцата, додајте ја течната павлака за готвење, сечканото лукче, малку посолете и запиперете по вкус, па додајте и малку рендано мускатно оревче.




Сето ова прелијте го врз тиквичките. Ставете да се пече во загреана рерна околу 15-тина минути, па потоа наросете рендан пармезан и допечете уште 5 минути колку убаво да зарумени. Можете да го послужите како самостојно јадење или како прилог. Наместо тиквички на ист начин можете да приготвите и модар патлиџан. / Тамара / Сооlinarika.com




Трет рецепт: Печени тиквички со домат, хопла и кашкавал, на ништо поубаво нема да наидете денес. Рецепт на Јелена од каналот Јеца Сваштарица. Ваков ручек со тиквички не сте пробале! Печени тиквички со домати, хопла и кашкавал, на ништо поубаво нема да наидете денес.

Ова е рецепт за лесен ручек кој се подготвува за неполни 10 минути, а после се става на печење. Се прави многу лесно, а ќе им стане на сите омилено јадење, јас го подготвувам со денови, затоа што на сите ни е многу вкусно.




Потребни состојки: 3 домати, 2 тиквици, 200 г кашкавал (100 г тенко исечкан и 100 г рендан), 200 мл неутрална павлака или грчки јогурт, 1 кесичка зачини со 4 видови сирење (опционално), од зачини: босилек, оригано, лук во прав..

Постапка: Исчистете ги доматите под млаз ладна вода, извадете им ја срцевината, па исечете ги на кругови со средна дебелина. Истото повторете го и со тиквичките. Може да ставите и повеќе состојки во зависност од тоа за колку гости правите ручек.




Сепак запомнете дека покрај тоа што изгледа на лесен ручек, доста е калоричен поради сосот со кашкавал, така што веднаш ќе ве засити. Потоа земете една тава (правоаголна) и започнете да ги редите тиквичките со доматот едно по друго.

Одозгора посолете со 1 лажичка оригано или некој друг зачин по желба. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Потоа започнете со подготовка на сосот. Во подлабок сад додајте ја неутралната павлака, околу 200 мл.




Потоа додајте 1 ќесичка зачин со 4 сирења (опционално). Овој зачин е конкретно наменет за подготовка на сос за тестенини, може да се најде во сите маркети, но доколку немате прескокнете го овој чекот, бидејќи се додава и свеж кашкавал.




Во хоплата додајте и 1 лажичка лук во прав. Како што приметивте, јас не ставив сол бидејќи доста е солен зачинот со 4 вида кашкавали. Добро измешајте ја хоплата и додајте 1 лажичка босилек, па пред да ја прелиете врз тиквичките и доматите, земете 100 г тенко исечкан кашкавал.

Кашкавалот редете го помеѓу тиквичките и доматите, преку секое второ или трето место. Одозгора прелијте го преливот со хопла, па наросете со уште 100 г изрендан кашкавал. Ставете на печење и проверувајте одвреме навреме. Потребно е да се пече околу 30 минути, во зависност од јачината на рерната. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.