Home Рецепти Рецепт за пилешко кој треба веднаш да си го запишете: сопругот ми...

Рецепт за пилешко кој треба веднаш да си го запишете: сопругот ми вели дека е подобро и од ресторан

Само што влезе уште од врата рече: ”Мммм што убаво мириса, имаме школки за ручек?” За момент морав да го разочарам и да му кажам дека тоа е само обична птица зачинета со босилек, но разочарувањето веднаш исчезна после првиот залак!

Потребни состојки:

500 г пилешко филе
масло за пржење (какво користите)
250 мл јогурт
босилек

За маринада:

2 лажици масло (какво сакате)
1 лажица црвен пипер во прав
1 мала главица црвен кромид
2 чешниња лук
сол, црн пипер

Постапка:

Со рачен миксер (или во блендер) направете маринада од масло, црвен зачински пипер во прав, кромид и лук.

Пилешкото добро натопете го во приготвената смеса, па убаво запржете го во малку загреано масло. Ставете одозгора уште малку од маринадата ако ви остане и оставете добро да се запече од двете страни.

Пред крај на пржењето, месото полијте го со јогурт во кој сте ставиле ситно сечкан босилек во количина по ваша желба.

<

Оставете да си крчка уште малку до посакуваната густина, па послужете топло со гарнир по ваша желба.

Coolinarika.com