Рецепт за оригинал ЛЕСКОВАЧКИ УШТИПЦИ готови за 20 минути – прсти да излижеш

Вкус каков не сте пробале досега! Научете како се приготвуваат “Лесковачки уштипци” – превкусно јадење со мелено месо.

Потребни состојки:

300 г мелено месо по избор
1 рамна лажичка сол или по вкус
½ лажичка прашок за печиво
1 чешне лук
30-50 г шунка
30-40 г кашкавал
1/3 лажичка лута ситно мелена пиперка – по вкус

Постапка:

Во меленото месо додадете сол и прашок за печиво па замесете го со раце. За да го има автентичниот вкус на познатите “Лесковачки уштипци”, во една доза од 300 г мелено месо, задолжително се става и едно чешне ситно исечкано лукче. Исечкајте го колку можете поситно. Додадете го во месото.

Шунката ситно исечкајте ја на коцкички, ако немате шунка, може било какво сувомеснато, пршута, сланина и сл.

Исто така, кашкавалот ситно исечкајте го на коцки, колку можете поситно (не го рендајте).

Во смесата додадете и лут црвен пипер, бидејќи оригиналните Лесковачки уштипци се лути. Но кој не јаде луто, нека го прескокне овој чекор. Смесата убаво измесете ја да се поврзат состојките. Вака приготвената смеса може да стои во фрижидер 48 часа, па по потреба да ја искористите.

Загрејте грил тава на најсилно, без масло. Правете ги уштипците (како дебели ќебапи или без некоја посебна форма) и редете ги во грил тавата.

Ако немате тефлонска грил тава, уштипците може да ги печете во било каква тава. Одозгора покријте со капак за подобро да се испечат. Уштипците испржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Деталите околу постапката можете да ја погледнете во видеото:

Претходна статијаЧајот од гинко билоба и ѓумбир го олеснува дишењето, астматичните тегоби и алергиите
Следна статијаСЛАДОЛЕД ТОРТА – Измати, филувај и уживај – без печење