Салатата „Oливија“ е традиционално pycко јадење кое е популарно низ целиот свет. Во различни современи рецепти, обично се прави со сечкани варени компири, моркови, кисели краставички, грашок, јајца, целер, кромид, варено пилешко или болоњски колбас исечкан на коцки (понекогаш шунка) и сенф за подобрување на вкусот, прелиена со мајонез.




Добриот вкус на оваа салата се крие во преливот. Салатата „Оливија“ кај нас е позната како pуска, а како што често се случува со гурманските рецепти кои стануваат популарни, многумина ги менуваат состојките по сопствен вкус.




Во продолжение може да прочитате како се подготвува оригиналната pуска салата во облик на куглоф. За да ја подготвите ќе ви бидат потребни 15-тина минути, а потоа се става на ладење во фрижидер. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): неколку парчиња салама или бело месо, 1 морков, 2 компири, 4-5 кисели краставички, малку целер, 100 г грашок, 4 јајца, 3 лажици мајонез, сенф. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: рузмарин.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 150 г варен ориз, 150 г кашкавал, 320 г туна во масло, 250 г мајонез, 50 г млад кромид – зелени преца, 150 г варени јајца (3 јајца), ½ лажичка сол, ½ лажичка црн пипер. Фото и рецепт на Александар Бруце Македонски / НМД рецепти.

Фото и рецепт на Александар Бруце Македонски / НМД рецепти.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Сварете ги посебно компирите, белото месо (или користете шунка), морковите, јајцата и грашокот. Месото, морковот, целерот, компирот, киселите краставички и јајцата исечкајте ги на коцки, па измешајте ги во еден подлабок сад.




Додајте го грашокот, сенфот и мајонезот, па измешајте, додека салатата да стане кремаста. Ставете прстен (обрач) врз плех или рамна чинија и една обична чаша во средината на обрачот. Излејте ја салатата околу чашата и израмнете.

Оставете ја да се стегне во фрижидер еден час, а потоа извадете ја чашата и извадете го прстенот. Декорирајте со рузмарин. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во декоративен, стаклен (трансапрентен сад) на дното ставете го првиот слој од варен ориз. Натапкајте го добро со виљушката и израмнете. Врз оризот ставете 3-4 лажици мајонез и рамномерно распоредете. Посолете и зачинете со црн пипер.




Потоа ставете слој туна и исто како што постапивте претходно со оризот, натапкајте добро и израмнете со виљушката. Повторно премачкајте со слој од мајонез. Посолете и зачинете повторно со црн пипер. Наросете рамномерно ситно сечкани зелени перца од кромид.




Одозгора наросете со кашкавал изрендан на крупно ренде. Повторно премачкајте со слој од мајонез, посолете и запиперете. Одозгора нанесете слој од три варени јајца изрендани на крупно ренде. Украсете со малку сечкани зелени перца од кромид. Салатата ставете ја во фрижидер да излади околу 30 минути.