I РЕЦЕПТ и видео презентација на Том Филос – Брзи мекици со сусам. Овие мекици се толку воздушести и меки, што веднаш штом ги пробате, ќе станат вашиот омилен оброк. Рецептот е лесен и едноставен, така што секој може да ги приготви – на сите им успеваат.

За да ги приготвите овие сусам мекици, ќе ви бидат потребни следните состојки: 10 г сув квасец (една кесичка), 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 400 милилитри млако млеко, 630 г брашно. И уште ќе ви биде потребно: млеко за натопување, сусам за валкање и масло за пржење.

Постапка: Во длабок сад за месење ставете ги состојките потребни за тесто: 10 г сув квасец (ако користите свеж, претходно растворете го во малку млако млеко), 1 лажица шеќер, 1 мала лажичка сол, 400 мл млако млеко и убаво промешајте за да се растворат состојките.

Во течните состојки започнете постепено да го додавате брашното. цело време матите со жицата маталка додека да добиете изедначена смеса без грутчиња. Кога ќе додадете повеќе од половина од брашното, мешајте со лажица, а на крајот тестото изработете го со рака.

Формираното тесто истресете го на работна површина и добро измесете го неколку минути додека да стане мазно, еластично и средно меко кое не се лепи на рацете. Формирајте топка и тестото ставете го малку намастен сад. Намастете го и него од сите страни за да не се суши.

Вака сработеното тесто покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува половина час додека да го удвои волуменот. Стасаното тесто малку премесете го на работната површина, формирајте валјак и пресечете го на шест еднакви делови.

Од секој дел формирајте топче. Потоа земете едно топче, малку сплескајте го сон дланките, па од едната страна намачкајте го со млеко. Истата страна извалкајте ја во сусам, па префрлете го на убаво набрашнета површина и со помош на оглагија развлечете го во средно тенка кора.

Кората со величина на чинија пресечете ја четвртини (четири триаголници). Постапката повторете ја и со останатите топчиња тесто: од едната страна натопете ги со млеко за да може убаво и густо да се нафати сусамот, а потоа со оклагија развлечете тркалезна кора.

Исечените триаголници редете ги врз набрашнета површина додека ги сработувате останатите топчиња тесто. Во голема тава за пржење налејте околу половина литар масло и загрејте го на умерена температура. Во загреаното масло спуштајте ги мекиците.

Пржете ги по неколку минути од двете страни и два-трипати превртувајте ги за да можат рамномерно да се испржат. кога убаво ќе заруменат, вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – Толку се мирисни овие балон ѓевречиња со сусам, што сите соседи ќе дојдат да ви побараат рецепт. Рецепт и видео презентација на Hacer’in Lezzetleri – сусам перничиња. Сусам багел/ѓевречиња или балон ѓевречиња се нешто што ќе го обожавате.

Запишете си го рецептот, а под пишаниот дел можете да го погледнете и видеото со постапката од нивното приготвување. Потребни состојки: 1,5 чаша топло млеко, 10 г сув квасец, 1 лажица шеќер, 4 чаши брашно, 1 лажичка сол. И уште: сусам за багелите, малку пченкарно брашно за наросување, малку млеко за премачкување, масло за пржење.

Постапка: За мерење се користи обична чаша за вода од 200 мл. Млекото загрејте го, па 1,5 чаша ставете во подлабок сад. Додадете една кесичка сув квасец (10 г), една супена лажица шеќер и убаво промешајте за да се раствори шеќерот. Во смесата постепено додавајте го брашното и една лажичка сол.

Замесете со рака додека да добиете средно тврдо тесто кое не се лепи на рака. Покријте го и оставете го половина час да ферментира и да се удвои. На малку набрашнета површина премесете го тестото и поделете го на 6 делови. Од секој дел формирајте топче.

Земете едно топче и сплескајте го со дланките, премачкајте го едната страна со млеко, па со влажната страна притиснете го во чинија со чинија за да се налепи што повеќе семе. Тестото ставете го на работна површина, одозгора наросете го со малку пченкарно брашно и со помош на оклагија развлечете го во кора.

Исечете ја на 4 триаголници (на четвртинки). Постапката повторете ја со сите топчиња тесто. Во загреано масло спуштајте ги триаголниците со мазната страна (со сусамот горе) да се пржат и ќе забележите дека тие веднаш ќе започнат да се дујат како балони.

Пржете ги од двете страни додека да заруменат, па вадете ги во чинија за послужување, претходно обложена со хартиена салветка, за да ја впие евентуалната вишок маснотија (иако, багелчињата не впиваат многу масло). Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.