Рецепт за масло кое лекува чир на желудник, женски проблеми, изгореници и разни ранички

-Кантарионово масло за надворешна и внатрешна употреба

Потребни состојки:

2 литри маслиново масло
100 г свежа жалфија
100 г сува ајдучка трева или 200 г свежа
Кантарион колку што може да собере во теглата, колку повеќе толку подобро

Постапка:

Во голема тегла наредете ги билките и прелијте ги со маслиново масло. Не ја преполнувајте теглата, оставете барем 1 см празнина.

Теглата затворете ја и ставете ја во голема шерпа со вода, на чие дно сте ставиле крпа и ставете на оган. Од моментот кога ќе зоврие маслото оставете така на умерен оган уште 6 часа. Потоа исклучете и оставете да се излади на собна температура.

Кога ќе излади процедете низ газа. Од оваа количина излегува околу 1,2 масло.

Лековито масло од кантарион, ајдучка трева и жалфија

Примена:

-чир на желудник (наутро испијте по една супена лажица на гладно. После маслото може да испиете малку вода)

-женски болести, ранички и тн. (на тампон ставете одвечер и користете како вагиналети)

-10 дена по ред се користи како превентива, барем еднаш годишно

-изгореници

Постапката погледбнете ја во видеото:

Loading...